Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Избираме човек, а не партија за министер за здравство

0
By Менче Атанасова Точи on November 15, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Алијансата на Албанците може да го изгуби местото за министер за здравство бидејќи, како што рече премиерот Заев избираат човек на кој ќе му веруваат граѓаните, а не партија.

До крајот на неделата треба да одлучиме кој ќе биде новиот министер за здравство. Пресудно ќе биде името, а не партијата бидејќи треба да избереме човек на кој граѓаните ќе му веруваат, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Реконструкција на Влада ќе има доколку биде избран кандидат кој не доаѓа од Алијансата за Албанците, рече премиерот Заев.

„Се уште немаме одлучено. Почнавме разговори со коалиционите партнери, се надеваме дека до крајот на оваа седмица ќе можеме да донесеме одлука. Сите опции се отворени, во моментов ниту јас знам кое ќе биде името, од која политичка партија, кој ќе биде избран од кандидатите. Здравството е високо во очекувањата на граѓаните. Ако дојде од Алијансата за Албанците тогаш нема да има реконструкција на Владата. Ако дојде пак од друга политичка партија логично е дека Алијансата останува во владината коалиција и треба да има министерско место. Затоа се отворени сите овие можности за дебата. Пресудни ќе бидат имињата кои ни стојат на располагање и кој ќе ја преземе оваа одговорна функција“, рече премиерот Заев

Премиерот рече дека Алијансата на Албанците веќе му доставиле име на нивниот кандидат, но нагласи  дека се разгледуваат сите опции бидејќи здравството котира високо во приоритетите на Владата.

„Во одлучувањето мора да не води прво името на кандидатот за да може граѓаните, пациентите, лекарите, медицинската фела да му веруваат. Тоа е минимумот што го очекуваме, а потоа заедно со сите се надевам на успешни реформи во здравството затоа што се неопходни“, рече Заев.

Тој нагласи дека локалните избори донесоа турбуленции, чекале да легнат работите и ден поскоро ќе седнат да се договорат за најмудрото можно решение.

Од друга страна, лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села за НОВА изјави дека остануваат на ставот дека идниот министер за здравство треба да биде од нивната партија.

„Останува на ставот дека министерот за здравство треба да биде избран од Алијансата на Албанците. Така се договоривме во преговорите пред локалните избори. На следната седница на Влада очекуваме да се донесе одлука“, изјави Села за НОВА.

Министерството за здравство практично е скоро два месеца без министер за здравство. Иако заменикот министер Гоце Чакаровски неодамна изјави дека нема застој во работата на министертвото, премиерот Заев денеска кажа дека морале да го овластат за да можат да се платат сметки за струја, вода и греење.

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.