Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Изборот е меѓу подобар живот или државен грабеж

0
By Нова ТВ on April 25, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Македонија е исправена пред избор без преседан во поновата историја на нашата земја. Во недела граѓаните нама да избираат помеѓу политички партии и нивни кандидати, нема да избираат помеѓу левица и десница, не избираат помеѓу различни идеологии и решенија, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска на прес конференција и ги повика граѓаните да гласаат за нивната програма.

-Дел од криминалот на власта на Никола Груевски излезе на виделина. Голем дел допрва ќе излегува. Но, сега, убеден сум, ви е многу појасно со кого си имаме работа и мислам дека секому му е совршено јасно – ако алиментираме вакво зло во недела, не му се пишува добро никому во Македонија. Не и се пишува добро за жал ниту на нашата земја. Криминалот ќе продолжи да царува. Младината ќе продолжи да се отселува, рече Заев.

Заев рече дека не треба да се имаат илузии дека власта се променила за две недели и дека очекува уште поголеми злоупотреби и нерегуларности!

-Во недела излегуваме на избори затоа што веруваме во вас граѓаните! Излегуваме затоа што веруваме дека Македонија заслужува шанса. Нашата надеж е дека големо мнозинство од вас ќе се одважи, ќе каже стоп на ова целосно пропаѓање на Македонија. Убедени сме дека вие граѓаните ќе ја искористите тајноста на гласањето и ќе го надгласате фалсификатот што власта го прави, рече Заев и апелираше до граѓаните дека никој не може да знае за кого гласале бидејќи зад параванот се сами.

-Да, точно е, имаме во рингот еден валкан боксер, кој не бира средства, кој ќе ги искористи сите нечесни можности да удира под појас, да манипулира, да лажира, да краде, а притоа сите видоа дека бега и бегаше како кукавица од директен дуел. Но, тој може да победува само додека добрите луѓе молчат и единствено ако е сам во рингот. Јас верувам дека вие граѓаните нема да молчите и гласно ќе му одговорите што мислите за неговиото криминално владеење.

Заев се осврна и на аферите за власта кои ги отвори опозицијата, објаснувајќи „кои се луѓето со кои граѓаните си имаат работа“.

-Прв е, се разбира, КАПО ДИ ТУТИ КАПИ, Никола Груевски. Докажавме дека тој е таткото на криминалот во државата, праавторот на криминалната мрежа на оф-шор компании, преку кои се осиромашува Македонија. Човек кому државата не му е пред се, народот уште помалку, туку му е кешот пред се. Нема да избега од одговорноста за милијардите евра проневерени пари на граѓаните што завршија во неговоите приватни џебови и во џебовите на неговата фамилија и блиски соработници.

-Веднаш до него е неговата десна рака. Онаа рака што го примала кешот. За да биде иронијата поголема, веќе осум години ја извршува најважната функција за борба против криминалот, а единствено што прави е да ја злоупотребува позицијата за заштита на криминалот на фамилијата.

-Следува човекот кој се прослави со малку неетичната афера „Милионски тендер за омилената уредничка“. Иако, релативно млад, овој човек веќе успеа да сотре два важни, ако не и најважни, сегмента во општеството – образованието и здравството. Тој е оној што се дрзна да ги учи докторите како се оперира, зашто тој научил од видео-игра.

-Се разбира тука е и кумот. Ова е човекот кој веројатно повеќе пати го има бакнато Субрата Рој и од неговата жена. Како резултат на тоа, економијата ни цвета, а вие кои, како мене минувате често низ Овчеполието, лесно можете да ги видите и неговите 20.000 крави инвестиција од Индија. Од крави, не се гледа полето. Зоран Ставревски е човекот кој ја задолжи државата до гуша со кредити што ќе ги враќаме не само ние, туку и нашите деца и внуци.

-Точно е дека има разлика! Има огромна разлика дали ќе и дадете амин на онаа банда онде која ќе продолжи да ги празни вашите џебовите за да ги полни своите. Или ќе ги поддржите овие луѓе кои ќе направат се парите од државната каса да се вратат во вашите џебови.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.