Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев ја доби довербата од Собранието и го потврди парламентарното мнозинство

0
By Нова ТВ on March 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со 62 гласа „за“, ниту еден еден против и ниту еден воздржан, но и без присуство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пратениците попладнево ѝ изгласаа доверба на Владата откако тоа го побара премиерот, Зоран Заев од собраниската говорница.

ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше на седницата на која се гласаше довербата на Владата.

Непосредно пред гласањето, Заев уште еднаш се обрати пред пратениците и повтори дека барањето усно го поднесе поради деструктивното однесување на опозицијата со цел блокирање на реформите во државата.

-Како и во 2019, така и во 2020, а гледам дека истото го прават и во оваа година. ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена по тоа што беше најголемиот кочничар на реформите, мерките и политики што се во интерес на граѓаните. За нив беше траума помислата за правда и правна држава и со сите сили ги блокираа и одолговлекуваа пакетот реформски закони во правосудството. Сега блокираат низа измени на закони од кои зависи спроведувањето на мерките од петтиот ковид пакет наменет за граѓаните и за стопанството. Беа и против покачувањето на минималната плата и решавањето на статусот на дополнителeн број стечајци. Против една изборна единица, затоа што се плашат од гласот на граѓаните.

-Сите сили ги спрегнаа за да го спречат донесувањето на Законот за попис и со стотици или илјадници амандмани во Собранието ги блокираат Законот за административни службеници, Законот за високо образование, Законот за внатрешни работи, Законот за работни односи, измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита, Законот за културно наследство и Законот за јавен интерес во културата; Законот за инвестиции за енергетска ефикасност, Законот за инвестиции во земјоделството и многу други.

Сите овие закони се од исклучително значење за граѓаните, а опозицијата блокира.

-Блокиран е Законот за Клинички центар, а нашата понуда е ајде заедно да го донесеме. Со директно учество на пратеници или претставници во опозицијата во процесот на реализација на овој огромен капитален проект од највисоко значење на граѓаните. Работата на пратениците, на македонското собрание, мора да биде во насока на интересот на граѓаните, на државата. Недозволиво е да не се закажуваат собраниски комисии кои ги води опозицијата, да се поднесуваат илјадници амандмани за важни закони, да не се дозволува работа онлајн во време на пандемијата. Сето ова е дел од едно деструктивно однесување за да се блокира државата, но ова сценарио не успева, изјави Заев.

Премиерот нагласи дека покрај сите обиди за опструкции и блокади од лидерството на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните секој ден се изложени на „лажни вести и дезинформации за некакво ново непостоечко мнозинство, за некоја нова нестабилност.

Паралелно со овие обиди за опструкции и блокади граѓаните се секој ден изложени на лажни вести и дезинформации за некакво ново лажно мнозинство, на некоја нова лажна нестабилност и што ли уште не. Само поради внатрепартиски цели, упорно се пласираат со цел да се создава перцепција на несиурност кај граѓаните, на неизвесност за севкупната економија. Сепак, како и секогаш, вистината е најсилното оруже против лажните вести и невистините. Ние немаме намера да се занимаваме со овие невистини, но нема да дозволиме неизвесност, несигурност, сопки, блокади и опструкции. Во име не сето претходно кажано, во име на вистината, јас ја преземам, одговорноста и обврската пред граѓаните, согласно член 93 од Уставот и член 217 став 2 од Деловникот, да побарам изјаснување на Собранието за доверба на Владата. Да ја расчистиме маглата и да се соочиме со реалноста, рече Заев пред гласањето.

Со ова гласање премиерот го потврди парламентарното мнозинство на власта во Собрание.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.