По средбата со бугарскиот амбасадор Иван Велков Петров, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, порача дека зајакнувањето на опозицијата претставува поттик за подобрување на билатералните односи со Република Бугарија.
Освен за односите помеѓу Македонија и Бугарија, на средбата се зборувало и за 15-от конгрес на Социјалдемократскиот сојуз, статутарните промени во СДСМ, како и идните политички чекори на партијата.
Заев исто така остварил средба и со амбасадорот на Обединетото Кралство, Кристофер Ивон, при што соговорниците разговарале за актуелните политички состојби во земјата.
„Британскиот амбасадор ја поздрави одлуката на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за покажаната подготвеност за подобрување на политичкиот дијалог и воедно го поздрави формирањето на анкетната комисија“, се вели во партиското соопштение.