– Ќе направам се за да набавим. Министерот за финансии реагираше, конкретно, пари од буџетот има, а доколку е потребно повеќе постои и ребаланс. Дадовме писмено од страна на финансии за да може претседателот и целата Државна изборна комисијана веднаш да влезат во постапка на набавка на апаратите за фингерпринт, односно отпечаток на прст. Како шеф на опозицијата барав фингерпринт и сега не можам да бидам глув за барањето на сегашната опозиција“, истакна премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање.
Тој верува дека има современа европска технологија и дека тоа може брзо да се направи.
-Имаме јасни постапки во државата и апелирам ДИК брзо да влезе во таквата постапка. Што е многу важно, тоа може да ја зголеми довербата во гласачкиот процес. Врв на демократијата е гласањето, рече Заев.