Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Ќе разговараме со Груевски, но условот за техничка влада останува

0
By Сашка Цветковска on August 21, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Без силна опозиција и народот е уплашен, вака претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска во неформален брифинг со новинарите ја образложуваше новата стратегија за делување на партијата.

-Народот живее во ужасен страв. Ако опозицијата не е силна, како тогаш народот ќе се охрабри и обратно. Затоа нашата стратегија и нашиот концепт е да му покажеме на народот дека сме силни, рече Заев.

Заев посочи дека СДСМ и тој како лидер се подготвени есенва повторно да седнат на преговори за нивното евентуално враќање во парламентот со ВМРО-ДПМНЕ и лидерот и премиер Никола Груевски, но потенцираше дека условот за формирање на техничка влада 6 месеци пред евентуално одржување на предвремени избори е едно од барање кое не подразбира отстапки.

– Не мора да се вика техничка влада, нека се вика „4 министерства“ на пример, ако треба и вербално ќе ја задоволиме неговата суета, но барањето останува, а во меѓувреме опозицијата ќе работи на својата стратегија која подразбира постојано алармирање на јавноста за грешките на владата и понуда на решенија, одговори претседателот на СДСМ на новинарско прашање околу тоа дали враќањето во парламентот може да се случи доколку Груевски не прифати техничка влада.

На прашањето зошто од една страна опозициските пратеници не одат во парламентот на работа, а од друга страна земаат плати од 1.000 евра Заев рече дека иако тие пратеници дејствуваат вонпарламентарно, во отсуство на силен законодавен дом тие својата работа ќе ја работат надвор и помеѓу граѓаните од кои се избрани и платени.

– Не е чесно и не е фер од некого да се бара да биде авангарда на борбата, а притоа тој и неговите деца да трпат за леб. Тие пари, тие 1.000 евра плата не се пари на мајка му на Груевски, туку пари на граѓаните на Македонија. Како нивни избраници опозициските пратеници ќе ја работат работата за која се платени, но надвор од парламентот и помеѓу граѓаните, вели Заев.

Како пример за тоа што ќе работат надвор од парламентот, Заев ги посочи наводните промени во Законот кој го регулира данокот на добивка.

– Знаат ли граѓаните на пример дека кон крајот на јули власта го промени законот и сега сите фирми ќе мораат да плаќаат данок на добика дури и кога се одлучуваат да ги остават парите во фирмата. Значи без разлика дали ја вадат добивката за себе или одлучуваат да ја реинвестираат во компанијата, тие ќе мора да платат данок на добивка. Ова никој не го споменува ако нема опозоција, објасни Заев.

Тој рече дека нивната отсустност од политичката сцена летово се должи на изготвувањето на стратегијата на опозицијата нарекувајќи ја „стратешка отсутност“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.