Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев кон Мизрахи: Фашизмот е карактеристика на поединецот, не може цели нации да ги обоите како фашисти

0
By Нова ТВ on December 30, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зборувајќи за спорот со Бугарија, на денешната собраниска седница со пратенички прашања, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи покажа фотографии од нејзини роднини кои вели биле однесени во логори од страна на бугарскиот фашистички окупатер и убиени.

„На оваа фотографија е целото мое потесно семејство, кое беше товарено во воз за Треблинка од бугарскиот фашистички окупатор. Преживеа само мојот дедо, чии наследник сум јас. Дали стоите на ставот дека Бугарија не била фашистички окупатор, оти мојата фамилија не е убиена со пенкало. Дека бугарските војски ги ослободувале Куманово, Крива Паланка и Скопје. На каков јазик зборувате во Собранието?“,праша Мизрахи.

Откако претничката Рашела Мизрахи од говорницата на премиерот Зоран Заев му покажуваше фотографии од нејзиното семејство тој и одговори дека целта на овој нејзин настап е исполнување личен интерес, односно политички интерес за доаѓање на власт.

-Со должна почит зборувавте за семејство, со чувства. Јас сум патриот исто како и вие. Јас зборувам македонски јазик и сум Македонец. Се гордеам што се обратив на македонскиот јазик во Европскиот парламент. Покажувајќи слики со моите македонските херои, со моите сограѓани кои за време на фашистичкиот окупатор биле убиени, се трудите да ме повредите. Но, преку вашите зборови исполнувате личен интерес. Вие немате злоба, бидејќи зборувате за ваше семејство.Никогаш не сум кажал дека Бугарија била администрација на Македонија. Администацијата или тогашната власт се приклучила на Третиот рајх. Но, не можете цела Бугарија да ја правите фашистичка. Можам да бидам десет пати по квази патриот од вас и да се чукам во гради со избрани зборови, ама мојот народ ќе остане во сивило. Затоа зборувам со европски зборови. Како ќе се поставиме тоа зависи од нас. Таа е разликата во политиката. Фашизмот е карактерсика на поединецот, не може цели нации да ги обоите како фашисти. Тоа не е ниту македонски, ниту европски. Бугарија не била администарот, туку била окупатор на Македонија, со одлука на тогашната бугарска власт, односно бугарската админтрација.Секако дека фашисти ги убиле нашите сограѓани. Фашист ги убил, но не можете да кажете дека цела нација е фашистичка. Зошто не прашувате каде била Германија кога ова се случувало? Фашист убивал, не нација.Целта на крај е да го исполните вашиот личен интерес, односно политички. Да дојдете на власт, а со тоа и да дојдете до пари. Тоа го покажува вашиот тон, оваа драматичност, одговори Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

81 година слободно Скопје

ВЕСТИ November 13, 2025

Скопје денеска одбележува 81 година од ослободувањето во Втората светска војна. Делегации од институции и…

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.