Денешната статистика за КОВИД-19 нѐ загрижува и нѐ допира сите.. Тие бројки се личности, наши сограѓани, пријатели и роднини. Неминовна е потребата од поголема заштита од коронавирусот и спречување на негово ширење. Затоа ми е драго што вечерва Собранието на Република Северна Македонија ги изгласа новите мерки предложени од Владата, со кои маската на отворено станува задолжителна, порача премиерот Зоран Заев, откако мнозинството успеа да го донесе новиот закон за заразни болести, кој беше оспоруван од опозициската ДПМНЕ.
Денешната статистика за КОВИД-19 нѐ загрижува и нѐ допира сите. Тие бројки се личности, наши сограѓани, пријатели и роднини. Неминовна е потребата од поголема заштита од коронавирусот и спречување на негово ширење. Затоа ми е драго што вечерва Собранието на Република Северна Македонија ги изгласа новите мерки предложени од Владата, со кои маската на отворено станува задолжителна!
– Иако пратениците од опозицијата го кочеа носењето на овој значаен закон и гласаа воздржано, со мнозинство гласови и одговорноста на пратениците од мнозинството вечерва Собранието ги усвои измените на Законот за заштита на населението од заразни болести. Сите имаме удел во оваа заедничка борба. Да се бориме и да се заштитиме себеси и нашите најмили со тоа што ќе ги почитуваме мерките, напиша премиерот Зоран Заев, кој исто така твитна и пост во кој директно одговори на прозивките за смена на министерот за здравство, карактеризирајќи ги тие луѓе како несериозни и „паднати од Марс“.
Некој се однесува како паднат од Марс. Добро е што никој не го сфаќа сериозно и што дури ни неговите не му даваат поддршка. Инаку, ако требаше да му се верува, до сега ќе паднеа сите здравствени комисии и министри за здравство низ цела Европа.
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) October 28, 2020