Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Македонија се наоѓа во сивата зона на конфликтности

0
By Нова ТВ on July 3, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Благо кажано политичката состојбата во Македонија е сложена и проблематична. Република Македонија е држава во која владеењето на ВМРО ДПМНЕ и неговите коалициони партнери покажа сериозни пропусти и слабости“, вели во интервју за бугарски Фокус, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

На прашањето, како ја оценувате политичката ситуација во Македонија, Заев вели: Во Македонија институциите на системот се нефункционални и под притисок на владејачката гарнитура. Наместо реформирано имаме контролирано судство. Сериозно е загрозена слободата на медиумите, а има случаи на притворени новинари без издржано образложение.

– Македонија е земја и на политички затвореници. Критичарите на нејзините политики власта ги етикетира како предавници или странски платеници. Државата интензивно и непродуктивно се задолжува, а граѓаните живеат во се поголема сиромаштија. Од пример на стабилна, мултиетничка и мултиконфесионална демократија, Македонија денеска се наоѓа во сивата зона на конфликтности во општеството што претставуваат сериозна опасност и закана за стабилноста на земјата, вели Заев.

На прашањето на Фокус за европската интеграција на Македонија и неспомнувњето на Македонија во заклучоците од Самитот на ЕУ, Заев вели дека осум години подоцна, од кои седум години на власт е коалиционата влада предводена од ВМРО ДПМНЕ, Република Македонија наместо предводник, се стекна со епитетот „Турција на Балканот”.

– Само несериозна и неодговорна влада причините за ваквиот стратешки неуспех може да ги препише на двојните стандарди на земјите членки на ЕУ, или да ја обвинува опозицијата, притоа без ниту еден збор самокритичност за сопствените политики. Факт е дека оваа власт доживеа целосен неуспех во евроинтегративните процеси, за кој премиерот Груевски и неговата влада мора да понесат одговорност, вели Заев.

Според претседателот на СДСМ, за жал, премерот Груевски одлучи да го монополизира и авторизира прашањето за името, а СДСМ и опозицијата во Македонија е целосно исклучена од процесот на преговарање.

– Можеби звучи неверојатно, но дури ниту за содржината на последниот предлог на посредникот на ОН, господинот Метју Нимиц, ние како најголема опозициона партија немаме никакви информации. Во меѓувреме, предлогот е тема на секојдневни коментари во медиумите во Грција, објаснува Заев.

Според него, за жал меѓусебната недоверба на Балканот изнудува решенија што се одамна надминати во цивилизираниот свет.

– Ние се уште имаме потреба од потпишување договори за основните прашања што ги регулираат меѓудржавните и меѓучовечките односи. Меѓутоа, без оглед на формата, неопходни и максимално корисно за двете земји е што поскоро да изнајдат взаемна согласност и да ги надминат меѓусебните недоразбирања. Република Македонија и Република Бугарија се соседски, пријателски земји. Делиме многу заеднички моменти од минатото, но уште позначајно треба да создаваме заедничка иднина втемелена врз принципите на взаемна почит и пријателство, смета претседателот н а СДСМ.

– Без слободни и независни медиуми нема услови за демократија во општество. Тоа им е јасно на сите, освен на Груевски, вели Заев прашан од Фокус за состојбата со слободата на медиумите во Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.