„Нашиот јазик, македонскиот јазик, и нашиот идентитет Македонци се кристално потврдени во Обединетите нации, во Брисел и насекаде во светот.Македонија доби пробив на меѓународен план , благодарејќи на Договорот за добрососедство со Бугарија и Договорот од Преспа. Нашата држава е ценет и почитуван партнер, пример за регионот“, изјави премиерот Зоран Заев утринава од Спомен-костурницата во Куманово по повод Денот на востанието против фашистичкиот окупатор 11 Октомври
„Денеска стоиме тука во Куманово, горди со кренати глави, чувајќи го заветот на нашите државотворци. Во темелот на македонската државност се вградени заложбите напорите и саможртвата на огромен број генерации. Генерации на борци кои не се штедеа себе си, ниту својата младост и своите животи. Благодарение на овој самопрегор денес Македонија е меѓународно призната држава со сопствена армија, со државна валута и со сите постулати на државност, нашето место во ОН е кристална и недвосмислена потврда и за македонскиот јазик и за македонскиот идентитет. Македонскиот јазик се користи слободно секаде во сите меѓународни институции, активности, и настани во европските институции”, ова го истакна премиерот Зоран Заев во обраќањето на централната прослава по повод 11 Октомври, Денот на народното востание, што се одржа пред Спомен кострурницата во Куманово.
Тој нагласи дека одбележувањето на ваквите денови е најсилниот потсетник за вредностите кои не смееме да ги заборавиме, но и за патот по кој треба да продолжиме, а тоа, нагласи Заев, е европскиот пат, патот на демократските вредности.
„Нашиот повик, борбата на сегашните генерации, е да обезбедиме развиена, безбедна и силно меѓународно интегрирана држава во која младите имаат проспертетна иднина. Токму затоа ги постигнавме договорите. Токму затоа ги постигнавме договорот од Преспа со Грција и договорот со Бугарија, со кој Северна Македонија направи пробив на меѓународен план. Сето ова се реализираше низ полноправното члелснтво во НАТО и со утврдувањето на почеток за преговори со ЕУ, како и низ градењето партнерски однос со нашите соседи”, рече Заев.
Благодарение на овие договори, додаде тој, денес нашата држава е ценет и посакуван партнер, успешна приказна која почна да го менува наративот на Балканот. Ова е, рече тој, од исклучително значење токму сега кога со сите држави од соседството – Бугарија, Србија, Косово, Албанија, Грција, секојдневно заедно соработуваме во справување со пандемијата од ковид-19.
„Како дел од НАТО семејството најмноќниот воен сојуз во светот нашата драва стана фактор и извозник на безбендост. Членството во НАТО ја редефеинираше нашата улога на меѓународната сцена и ни овозможи активно учество во широк спектар на безбедносни мисии за колективна одбрана. Ги зацементиравме основите за зголемна стабилност и просперитет на нашата држава. Со члентвото во НАТО не сме повеќе сами. Северна Македонија никогаш повеќе нема да биде ставена под прашалник, ниту изолирана од светот”, рече Заев.
Светот, така и нашата држава, рече меѓу другото премиерот Заев, ги очекува неизвесна есен за справување со пандемијата, која може да се надмине заеднички и со почитување на мерките.
„Токму затоа, од ова место на непокор и стремеж за слобода, сакам да испратам порака. Ова е нашата битка, денес имаме невидлив непријатил, но очекувам заедно, институциите и граѓаните, да се избориме, рече Заев.
Заев во своето обраќање се обрати и до опозицијата со повик за соработка.
„Ја повикувам опозицијата да ги напуштиме тесноградните интереси и да покажеме државничко однесување. Македонската државност е изнедрена од борбата за правда и еднаквост”, изјави Заев.