Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Максимална злоупотребите на власта врз гласачите

0
By Нова ТВ on April 14, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Социјалдемократскиот сојуз поодлучно од кога било ја продолжува борбата за слобода и демократија. Цврсто влегуваме во втората фаза од предизборието кадешто се преклопуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

– Јасно е. Вчерашните изборни резултати се резултат на систематскиот притисок на власта на Никола Груевски преку државните инструменти изминатите 8 години, и на ништо друго.
Сепак, и покрај сите закани и уцени, вчера зад опозицијата застанаа околу 330 илјади граѓани на Република Македонија, што е растечка тенденција, а уште огромен број гласачи од разни причини остананаа дома.

– Ова е максимум на злоупотребите на власта врз гласачите. Во вториот изборен круг треба да ги мотивираме сите тие граѓани да го изразат својот став, којшто евидентно, со останувањето дома и порачува на власта дека ја нема нивната поддршка.

– Наша должност е да го разобличиме системот на Никола Груевски и да дадеме одговор на сите сомневања, претпоставки и дилеми. Јас ви тврдам дека Социјалдемократскиот сојуз работи на тоа и тоа ќе го направи. Ако некој има и најмала дилема како понатаму, одовде кажувам. Откажување нема. Вистинското лице на Никола Груевски и неговиот режим е разобличено, истакна Заев.

– Поддршката за кандидатот за претседател Стево Пендаровски е реална и огромна.
Проверено е. Задоволни граѓани нема. Луѓето сакаат промени. И тутунарите и градинарите, и земјоделците, и кај јавната администрација на којашто и е смачено да гласа под уцени. Го споделуваа тоа со нас.

– Го споделуваа и оние 55 проценти од младите кои се невработени и очајните семејства на над 20-те проценти млади кои ја имаат напуштено земјава. Јасно му е и на бизнисот дека македонското стопанство е во рацете на оф-шор компании поврзани директно со фамилијата на Никола Груевски којашто функционира исклучиво за лични интереси.

– Го видовме и го слушнавме сето тоа и ете токму овие состојби се огромната мотивирачка сила што ја имаме кога велиме откажување нема, рече лидерот на опозицијата.

Тој истакна дека прашањето што си го поставуваат најголем дел од граѓаните, како тогаш победува Никола Груевски, ви тврдам ќе биде разобличено. СДСМ ја презема обврската тоа да го стори во име на доброто на сите граѓани во државата, во име на демократијата во Македонија и во име на Република Македонија.

– Од денес почнуваме од нула! Власта во ова второ полувреме од кампањата влегува со психолошка предност, но ние влегуваме со силна одлучност да го откриеме докрај криминалот на власта. Наредните денови сите ќе дознаат кој е главен креатор на криминалите во државата поради коишто пати нашиот народ. Ве повикувам на енергичност и на цврста определеност да се избориме за промени за нов почеток во Македонија, рече на крајот Зоран Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.