Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Морина ги има сите права, мора да се почитува домашното и меѓународното право

0
By Нова ТВ on July 25, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: Независен
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владеењето на правото и почитувањето на меѓународни узанси и правила е норматив, европска вредност која и вие и јас и сите се залагаме. Потерницата е стигната од Интерпол, не е ниту од Вучиќ или Милошевиќ. Од Интерпол каде сме членка и каде сме гласале и Косово да биде членка, без разлика што Србија е против. Постапките ги води надлежен обвинител и за нив одлучува надлежен судија, ниту ги води Заев, ниту Спасовски, ниту Агим Нухиу, ниту кој било од Владата.

Ова го изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашање од пратеникот и  координатор на ДУИ Ејуп Аљими за одлуката за екстрадиционенен притвор на Томор Морина, поранешен член на Ослободителната војска на Косово, кој е уапсен во Северна Македонија по потерница на Србија.

-За да можете вака да покажувате со прст, мора прво да знаете кој води постапки и кој одлучува. Второ кој е законот и владеењето на правото и трето што значи почитување на меѓународните закони и правила. Праксата досега покажала во вакви случаи, вклучително и премиерот Рамуш Харадинај, на меѓународни потреници каде било во земјите членки и земјите што се членки на ЕУ, а го признале Косово тие постапуваат по меѓународното право. Правосудството и во Австрија  и во Северна Македонија и во Грција, и во Британија носи одлуки за екстрадиционен притвор. За време на одлуката на екстрадиционен притвор надлежните институции одлучуваат за правото на екстрадиција или не. Во тоа право јасно стои дека тој е граѓанин на Косово, а не е граѓанин на Србија и се ослободува од притвор и не се прави екстрадиција. Тоа е меѓународното право, рече Заев.

Тој додаде дека од Министерството за правда го информирале каква е праксата во вакви случаи и додаде дека верува оти граѓанинот на Косово согласно тоа дали има или не екстрадициона одлука ги има сите права, согласно закон, владеење на правото и на меѓународното право.

-Праксата покажала дека Интерпол кога ги прима документите стои дека е граѓанин на Србија. Тоа не е точно. Денеска нашата земја и пријателска со Косово потврдува дека е тој граѓанин на Косово, а има пасош и од Велика Британија и од Косово. Дозволете институциите да си ја завршат работата. Најмалку што очекувам е почитување на законите на оваа држава, рече Заев. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.