Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: На 11 декември ќе го славиме животот

3
By Влатко Чаловски on October 2, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, во денешното обраќање на Конгресот на партијата, пред раководството и членовите порача дека по 11.декември, Македонија нема да ја слави победата на СДСМ, туку ќе го слави животот.

„Што ќе славиме на 11.декември? Пад на режимот? Тој е веќе паднат, ние граѓаните го турнавме. Победа на СДСМ и опозицијата? Нам не ни треба победа заради самата победа и хранење на егото, или заради власт. Драги граѓани на 11. Декември ќе го славиме животот“, порача Заев на почетокот од својот говор.

Пред присутните Заев ги потенцираше залагањата на неговата партија, односно дека на почетокот најниската плата ќе биде зголемена на 12.000 денари а планот е на истекот од мандатот таа да достигне до 16.000 денари. „Ме прашуваат луѓето од каде пари. Нема да се расфрламе на камења и палми“, рече Заев.

Меѓу другото, претставувајќи мерки од претстојната Програма на СДСМ, Заев порача дека тие ќе им помагаат на домашните бизнисмени, на малите и средните претпријатија, дека по освојување на власта, тие ќе ја подобреле инфраструктурата, ќе градат водоводи и патишта, бидејќи сегашната власт оставила, како што рече Заев, пустош.

„Се изнагледавме изминативе 10 години разни квазипатриоти за кои патриотизам е полнење на личните џебови и партија со над 60 милиони евра имот. Тоа е алчност а не патриотизам“, се осврна Заев на власта на Никола Груевски, и на граѓаните кои бараат помош од државата, рече дека вратите им се отворени низ штабовите на СДСМ, да бидат сослушани и да разговараат за проблеми и иднината на сите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.