Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев ги најави статутарните промени во СДСМ, опозицијата ја нарече опасност за земјата

0
By Нова ТВ on October 25, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев денеска во обраќањето на 25. Конгрес на партијата кој поради пандемијата се одржува онлајн, најави статутарни промени во партијата кои како што рече ќе ја направат неговата поодговорна, поевропска и помодерна.

Со предлог – измените, како што рече Заев се воведува:

– родова еднаквост во органите на партијата, со што таа станува првата во земава, а меѓу првите во Европа и светот со целосна еднаквост на жените и мажите во партиските тела и органи;

– Форумот на жени и СДММ се регистрираат као трајни тела на партијата, а претставниците на овие две организации ќе учествуваат на рамноправна основа во извршните органи со право на глас на сите новоа;

-се формира Форум на пензионери;

-црвената боја се воведува како боја на СДСМ.

Сепак, како најголема промена што ќе се случи во партијата, Заев го најави гласањето за партиски лидер, кога на следниот конгрес на пролет за прв пат во една партија секој член ќе може на непосредни внатрепартиски избори да се изјасни кој ќе ја води партијата.

„Новиот лик не се случи преку ноќ туку е резултат на заедничко напорно работење сите членови години наназад. Имаме силен СДСМ, моќен, динамичен, прогресивен и тоа е нашиот бренд“, рече Заев додавајќи дека очекува овие предложени измени денеска преку дебата да бидат усвоени од Конгресот.

Тој рече дека на работната група која работела на статутарните измени им помогнале Прогрес институтот за социјална демократија и Меѓународниот центар „Oлоф Палме“ од Шведска.

Ние се реформираме, опозицијата кочи

Заев во обраќањето ја спомена и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која ја нарече „опасност за нашата земја“, која работи против системот за јавно здравје со тоа што го блокира донесувањето на законските измени.

Во јавноста преовладува мислењето дека на СДСМ му одговара на чело на ВМРО-ДПМНЕ да остане Мицкоски за да може да победува. Ние знаеме дека Мицкоски нема поддршка од граѓаните, но СДСМ мисли на граѓаните, а не на партиските интереси и според тоа дека за државата е добро да има прогрес и опозиција која нема да биде кочница, туку одговорна. Одложуваето на гласањето на измените на Законот за заштита на населението е доказ дека Мицкоски се противи на мерките кои треба да ни го заштитат здравјето со што покажуваат колкава опасност се за нашата земја, овојпат за здравјето на граѓаните, свесно работат на поткопување на јавнниот систем, и како техничка влада и како опозиција во Собранието“, рече Заев.

Ова е отчетен Конгрес, и е прв по изборна победа на СДСМ.

Заев денеска ги спомена изборните победи на партијата од локалните избори во 2017, референдумот во 2018, предвремените локални избори во Охрид и Ново Село и претседателските избори лани и превремените парламентарни избори на 15 јули годинава.

Во мандатот на СДСМ на власт, Заев го спомена и членството во НАТО.

„Ја вративме слободата и демократијата во земјата и правдата, за борба против секој вид на криминал и корупција“, рече Заев.

Ова е првиот дигитален Конгрес на СДСМ и првиот дигитален конгрес на која било политичка партија во земјава, целосно обезбеден со електронски начин на комуникација, преку конференциски видеоврски со оштинските организации.

„Во време кога ние, со целиот свет, се соочуваме со постојана борба против коронавирусот, СДСМ застанува одговорно, да направи пресек на сработеното и да ги дефинира новите стандарди, европските стандарди како задолжителни одредници и репери во своето работење. На овој Конгрес, уште повеќе се демократизираме, продолжуваме да се менуваме, ја зголемуваме отчетноста, преземаме храбри чекори и вложуваме огромен напор, за да обезбедиме најдобро за сите наши граѓани, за секој македоински граѓанијн да живее подобро, помирно, помотивирано“, рече Заев отворајќи го конгресот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

ВЕСТИ October 7, 2025

Весниотк „Израел Хајом“  објави документ од 21 кој страница открива детален план за воспоставување меѓународна…

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.