Премиерот Зоран Заев го поздрави усвојување на ребалансот на Буџетот со кој се обезбедени дополнителни средства како поддршка на граѓаните, економијата, здравствениот систем како и обезбедување на средства за капитални проекти важни за граѓаните ширум земјава.
-Со веќе усвоениот ребаланс на Буџетот за 2020 година, обезбедуваме 470 милиони евра за реализација на четвртиот пакет економски мерки за поддршка на граѓаните и економијата, за справување со последиците од пандемијата со КОВИД-19. Дополнително, обезбедувме средства за 19 капитални, локални проекти, важни за граѓаните ширум земјава, напиша Заев на ФБ.