Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев на хуманитарна акција „Од децата за децата“

0
By Нова ТВ on April 27, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Денеска на празникот Лазарова сабота, а во пресрет на Велигденските празници, по осми пат во Струмица се одржа хуманитарната акција „Од децата за децата“. Акцијата ја организираше Организацијата на жени од Струмица под покровителство на градоначалникот Зоран Заев.

Ученици од осум основни училишта од општината и децата од сите клонови на градинката подготвија творби со велигденски обележја, кои беа изложени на продажни штандови. Собраните средства од продажбата на творбите се наменети за децата со еден родител и деца без родители од општина Струмица, кои потекнуваат од социјално загрозени семејства.

Според организаторите целта е децата од најрана возраст да се научат на некои подзаборавени вредности, како што е поттикнување на хуманоста и другарството кај нив. Организаторите очекуваат дека ќе се соберат средства за подготвување на сто пакети со прехранбени производи и средства за лична хигиена.

Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, кој ги поздрави учесниците на оваа хумана акција истакна дека преку вакви манифестации се пушта една силна порака дека топлината на празниците, пред која сме сите во исчекување, ќе ги поминеме поспокојно, знаејќи дека и тие деца кои немаат доволно сепак соодветно и достоинствено ќе ги поминат празниците.

-Уште во 2006 година кога оваа акција беше само предлог проект напишан на хартија, успеав да препознаам во него–нешто убаво, нешто корисно, нешто големо и затоа сум неизмерно среќен и горд што тоа „нешто“ еве веќе осум години по ред ги дава посакуваните резултати.

Хуманитарната акција „Од децата за децата“ од година во година покажува континуиран растеж и ни дава до знаење дека убавите работи ја заслужиле традиционалноста и го заслужиле нашето внимание. Јас како градоначалник на општина Струмица сум покровител на многу манифестации, но најсреќен сум кога тоа мое покровителство е насочено за доброто на децата, истакна градоначалникот Зоран Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025
ФОКУС

Блумберг: Украина и Европа подготвуваат мировен план од 12 точки за крај на војната

ВЕСТИ October 21, 2025

Европските земји во соработка со Украина изработуваат предлог од 12 точки за запирање на војната,…

Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“

October 21, 2025

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

October 20, 2025

Во Скопје ќе има втор круг, градоначалник ќе се бира меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ

October 20, 2025
ТИКЕР

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.