Страшно и понижувачки е странски државјанин да биде кандидат за градоначалник на Скопје кога имаме преговарачки процес со Бугарија и обид да го решиме проблемот. Ние сме застапници на тезата едно општество за сите и не ни смета кој каде етнички припаќа, но, да го лажете наодот за ваква работа е непристојно. Очекувам кандидат за градоначалник на Скопје да информира какви предности има, каква визија, но никако да го лажете народот. Ова го рече премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев во интервју за телевизијата Канал 5.
– Ние мораме со Бугарија да најдеме решение за да одиме напред како држава. Народот ќе го каже своето на изборите. Апсолутно е нечесно и понижувачки да лажете и верувам дека граѓаните знаат дека прогресивноста мора да продолжи со победа во недела, рече Заев.