СДСМ на Конгресот на партијата в недела ќе ги промовира кандидатските листи за предвремените парламентарни избори.
Лидерот Зоран Заев денеска изјави дека состаноците започнуваат од вечерва, и до утре навечер ќе ги имаат првичните информации што ќе бидат доставени до ИО на партијата.
Тој истакна дека на листите на левицата и центарот ќе има многу независни кандидати.