Премиерот Зоран Заев, заедно министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, и со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, денеска се сретнаа со претставници на Асоцијацијата на такси превозници – соопштија од Владата.
Претставниците на Асоцијацијата, во името на 53 такси компании од Република Македонија, ги истакнале проблемите со кои се соочуваат во својата работа и побарале измени во постоечката законска регулатива и нејзино прилагодување на реалните состојби во такси превозот.
Премиерот покажал разбирање за нивната иницијатива и изразил подготвеност за соработка. Тој ги повикал претставниците на Асоцијацијата да земат активно учество преку постојана и интензивна комуникација за да придонесат со свои предлози во изработка на ефикасно и заедничко прифатливо решение.
Претставниците на Асоцијацијата на такси превозници ја истакнале одличната соработка која што во континуитет ја имаат со Министерството за внатрешни работи.

