Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев најави ново поглавје, Филипче, Битиќи, Царовска и Спасовски потпретседатели на СДСМ

0
By Нова ТВ on May 16, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 16, 2021 21:55

СДСМ уште еднаш покажа силно, одлучно, одговорно и државничко однесување, покажа дека е локомотива на напредокот во државата. Темелот на новата политика, промените и новата енергија се обезбедени. Први сме во промените, во вредностите. СДСМ е носител на новото време, рече вечерва лидерот на партијата Зоран Заев по завршувањето на 26. конгрес и првата седница на Централниот одбор за избор на раководни органи и тела на партијата.

Соопштувајќи ги новите кадровски решенија и одлуки, Заев порача дека СДСМ почнува ново четиригодишно поглавје со јасно зацртани цели – европска иднина, економски развој, успешно справување со пандемијата, масовна имунизација, ред, правда и дисциплина, неселективно владеење на правото, европски стандарди дома, реализација на инфраструктурни проекти. Врвен приоритет, напомена Заев, е и „зелената агенда“, замената на јаглен со гас.

-Силна волја за успешен почеток и завршување на преговорите со ЕУ, добри меѓуетнички и добрососедски односи, се само дел од агендата. Ве уверувам дека наредните четири години СДСМ ќе биде одговорна сила која носи државнички одлуки, истакна Заев.

Тој информира дека на конгресот за заменик претседател на партијата е избрана Сања Лукаревска, со 684 гласа „за“ и два против, за генерален секретар е избран Љупчо Николовски, додека потпретседатели се Фатмир Битиќи, Мила Царовска, Оливер Спасовски и Венко Филипче.

Секретар за меѓународна соработка е Бојан Маричиќ.

-Денеска СДСМ одржа успешен 26. изборен конгрес, а веднаш потоа ја одржа и првата седница на новоизбраниот Централен одбор. Направивме многу во изминатите четири години и постигнавме значајни успеси – државата ја исправивме на прав пат, на патот на евроинтергациите, челенството во НАТО, обезбедивме иднина, стабилност, интегритет и гордо го штитиме идентитетот. Економијата е стабилна, реформите во правосудството даваат резултат и секојдевно расте довербата во правдата, потенцира Заев.

Во однос на Централниот одбор, Заев рече дека две третини се нови членови и дека партијата со изборот на членовите направила спој на искуството и новата енергија. Застапени се родовата и возрасната еднаквост. Во новиот состав на ЦО има луѓе, додаде Заев, од различни сфери, кои се докажале во своето делување, а не биле дел од партиските структури: правници, економисти, социолози, медицински лица, лекари, специјалисти…

– Новиот состан на ЦО е доказ дека СДСМ продолжува да се менува. Поставуваме нови стандарди во политичкото дејствување. Овој состав е нова свежина, гарант дека промените во СДСМ не се случајни и стихијни, туку дека се континуитет со кој уште попосветено им служиме на граѓаните и државата. Тимот што победува не се менува, туку го надградува победничкиот менталитет. Таква особина имаат државотворните партии како што е СДСМ. Изгласен е предлогот за партиско освежување на Централниот одбор, две третини се нови лица. Составот е спој на искуството и нова енергија, содржи контуниитет и нови лица. Со ова правиме значајно освежување на најзначајниот орган, но го задржуваме искуството. Од 120 членови на новиот ЦО 60 се жени и 60 мажи, целона родова еднаквост. Млади се вкупно 45 члена или 37,5 проценти што е највисок процент во која било партија во државата, нагласи Заев.

Тој подвлече и дека има припадници од сите етнички заедници, што ја прави партијата уникатна.

Како што соопшти Заев на прес-конференцијата, за претседавач на ЦО е избран Перо Костадинов, актуелниот градоначалник на Валандово, додека членови на Извршен одбор се Ана Данева Маркова, Стефан Богоев, Нина Фити, Димитар Ковачевски, Милена Стефановиќ, Костадин Костадинов, Андријана Будимир, Благој Бочварски, Рената Јајоска, Петре Шилегов, Софија Пејкова, Мухамед Зекири, Мелиса Ценовска Серафимовска, Никица Бачоски, Тања Томиќ, Дарко Каевски, Јована Трпчевска, Васко Ковачевски. Организациски секретар е Мартин Попов.

На новинарско прашање за неговата заменичка Лукаревска, Заев напомена дека со нејзиниот избор СДСМ испраќа силна и недвомсилена порака дека гради човечки капацитет, но ја запазува и родовата еднаквост, дела ги вреднува младоста и квалитетот.

-Уверен сум дека високата поддршка што ја доби Лукаревска ќе биде доволем мотив да одговори на предизвиците што ги носи партиската должност, потенцира лидерот на СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Отстранети шаторите пред српското собрание каде што престојуваа контра блокадерите

December 29, 2025

Вонредна состојба во најголемиот град во САД

December 27, 2025

Револт на Тајмс Сквер поради билборд со напис „Исус е Палестинец“

December 26, 2025

Да се верува или не – нафталин запалил пати во банка во Бугарија

December 25, 2025

10-те најпопуларни земји во светот во 2025 година

December 24, 2025
ФОКУС
December 30, 2025

Москва: Поради украински дронови големи делови од градот останаа без струја

ВЕСТИ December 30, 2025

Масовен прекин на електричната енергија го погоди Московскиот регион оставајќи стотици илјади жители без струја,…

Трамп: Уништивме голем магацин – САД извршија копнен напад врз Венецуела  

December 29, 2025

Сведочења: Судењето за дискотеката „Пулс“ денеска

December 29, 2025

Трамп по средбата во Флорида: Донбас останува “трнлива тема“

December 29, 2025
ТИКЕР

Отстранети шаторите пред српското собрание каде што престојуваа контра блокадерите

December 29, 2025

Вонредна состојба во најголемиот град во САД

December 27, 2025

Револт на Тајмс Сквер поради билборд со напис „Исус е Палестинец“

December 26, 2025

Да се верува или не – нафталин запалил пати во банка во Бугарија

December 25, 2025

10-те најпопуларни земји во светот во 2025 година

December 24, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.