Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Најголемите фалсификати на документи биле во времето на ВМРО-ДПМНЕ

0
By Нова ТВ on April 8, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев изјави денес дека најголемите фалсификати на лични документи се случувале во времето на ВМРО-ДПМНЕ и дена не држат барањата одговорност за него и министерот Оливер Спасовски.

„Не може да се обвинува министер, премиер или слично заради тоа што спровеле успешни акции, посебно докажувајќи дека тие акции биле месеци на анализа, документирање, аргументирање за да бидат изведени пред суд. Кога во анализите ќе видите кога се случувало тоа, кога се правени ваквите најголеми фалсификати и криминали или со лажни матични броеви, ќе видите дека тоа е за време на режимот односно за времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Заев.

Премиерот рече дека станува збор за сериозна акција која е работена со меѓународните партнери која се должи на зајакнатата соработка што ја имаме како членка на НАТО, но и заради традиционалните добри односи со партнерите. Кога има успешна акција, вели тој, наместо да се бара одговорност, некој треба да се награди.

„Кога некој открива и активно процесуира криминал тој треба да се награди, а не да одговара. И тие се вредностите секаде во светот така и кај нас. Како што рече и министерот за внатрешни работи, ова е неколку месечна акција која се работи со Интерпел, регионалниот центар на САД во таа област и другите партнери, се со конечна цел да се спречат и казнат ваквите постапки. Луѓето кои се извадени пред суд и им е одредена мерка притвор се откриени, дале преку 200 пасоши со измислени матични броеви и успешно е направена анализата, документирана и процесуирана пред правосудните инстанци. Целиот период наназад низ годините и децениите што се случувало, на крајот има успешна завршница за да не се повтори никогаш повеќе“,рече Заев.

Во однос на обвинувањата за блискост на власта со странци осомничени за криминали кои добивале вакви пасоши, премиерот вели дека некој се обидувал да кокетира со одредени политички субјекти во целиот период за да се спаси или да направи политичка тема од ова прашање, но потенцира дека акцијата е професионално и успешно завршена. Конкретно за турскиот државјанин Седад Пекер, за кого опозицијата објави дека се сликал во полициска станица во Драчево и добил лични документи под името Џадин Адемовски, Заев вели дека е информиран оти се среќавал со дел од неговите коалициски партнери.

„Господинот кој го спомнавте е еден од тие кои добиле фалсификуван пасош, истовремено е осомничен за одредени дела во Турција. МВР го избрка како персона нон грата од државата по други видови на постапки. Секако тој што работел на нелегалното издавање на пасош е дел од самата постапка која е процесуирана пред правосудните органи. За тоа дали се гледале коалициски партнери или луѓе од мојата партија или слично, апсолутно никој не можел да знае дали некој е осомничен за нешто, дали некој заднински работел на некакви нелегални пасоши или слично. Апсолутно не гледам вина во тоа. Јас сум запознаен дури и кој од колегите, партиите партнери имале средба на негово барање низ чаршијата и на други места, но апсолутно не може да се каже дека некој има вина поради тоа зашто нормално е кога некој ќе побара средба и да ја закаже средба. Но институциите функционираат и го дадоа резултатот“, рече Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.