Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев не гледа политичко влијание за „Монструм“

0
By Нова ТВ on February 25, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев ги отфрли тврдењата на пратеникот Скендер Реџепи денес во Собранието дека има некакво политичко влијание во процесот „Монструм“ и дека, според него, се осудени невини луѓе. Тој порача дека целосно го исполнил ветувањето да даде се што можело да се употреби околу расветлување на случајот, со конечна цел да се дојде до правда, или како што рече – невините да не лежат во затвор, а виновните да одговараат. Тој притоа повика политичарите да не даваат лажни надежи и да ги тргнат рацете од судството, бидејќи тоа треба да ги носи одлуките, нагласувајќи дека за „Монструм“ имаше целосно транспарентен процес кој беше повторен и го водеа сосема други обвинители и други судии.

„Зошто додека бевме заедно во власта не направивте ништо“, го праша Заев Реџепи порачувајќи му дека политичарите имаат одговорност и должност да охрабруваат доверба во судскиот систем, а не да ја спорат како во овој случај.

-Многу е важна нашата улога каква држава, какво општество димензионираме, во кој правец ја насочуваме државата и пред се младите луѓе. Затоа што не е во ред да се дадат лажни надежи. Тоа што ние можеме како политичари е да помогнеме во потврдување на доволно докази за реотворање на процеси и предмети. Tоа го можеме преку институциите што се под Парламентот или Владата затоа што тие се управувани директно од политичарите, а согласно докази и аргументи обвинителите треба да одлучуваат и судовите да пресудуваат, рече Заев.

Појаснувајќи ги деталјите околу фамозното ветување за „бомбите“ тој рече:

-Уште во периодот на објавување на бомбите должност моја беше и како човек и тоа го сторив, сите прислушкувани материјали ги предадов во СЈО. Се отворија предмети и процеси, се реотворија, дел завршија успешно, дел завршија со повторување на казна, нови судски процеси. Ветувањето дека е вредно се за кое постои било каков дополнителен доказ и индиција, впрочем и нашите закони тоа го предвидуваат и Собранието отвори дискусија за посебни законски решенија на оваа тема се со конечна цел – правда. Ова е еден од случаите во нашата земја кој доби повторување на постапка. Сите транскрипти, т.н. бомби, беа презентирани на јавна седница во судот, сите достапни на јавноста. Внимателно преку јавно достапните информации го следев целиот овој процес затоа што е чувствителен и за семејствата кои ги загубија децата и рибарот, и за луѓето кои се осомничени, и еве повторно осудени, дел ослободени, рече Заев.

Правосудниот систем, како што нагласи, е тој што ги носи одлуките.

– И ако на кој било начин подгревано, неосновано, ставајќи го самиот систем под прашалник моја должност е да прашам, зошто таа година кога бевме заедно не направивте нешто со мене, затоа што не е наша работа, ниту тогаш ваша, ниту сега наша, ниту тогаш наша. Тоа е работа на јавно обвинителство и судот. Дефинитивно мора да знаеме дека политичарите треба да ги тргнат рацете и од судството и обвинителството. Таму течат процесите, рече Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.