„Не гледам потреба од лидерска средба. Особено со човек кој нема став за ниту едно важно, национално или стратешко прашање“, одговари премиерот Зоран Заев по вчерашното барање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за лидерска средба во врска со преговорите со Бугарија.
Во одговорот тој уште еднаш посочува дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет и посебност се меѓународно потврдени и признаени од целиот свет, а со Бугарија, нагласува, имаме Договор за соработка и добрососедство кој е потпишан и на македонски јазик.
„За темите кои произлегуваат од Договорот изразуваме волја да ги решаваме преку работата на комисиите кои имаат надлежност за тоа. Мицкоски не е за договор на која било тема, тој бара начин само како да наштети на државата, особено на процесите кои не водат кон ЕУ“, вели премиерот Заев за ТВ21.