Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев не се премисли – го разреши, Пауновски со порака: Простете им не знаат што прават

0
By Нова ТВ on April 27, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Донесена одлуката за разрешница на конфликтот меѓу премиерот Зоран Заев и Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски. Како и што најави така и направи, за непочитување на хиерархијата и „пркосно“ однесување кон надлежните на владина седница премиерот предложи негово разрешување, а владата донесе потврдна одлука со образложение дека Пауноски е разрешен заради непрофесионално однесување.

– Согласно член 10, став 1 од законот за државен пазарен инспекторат според кој владата го именува и разрешува директорот на ДПИ, на денешната седница Владата го разреши Стојко Пауновски од функцијата директор на ДПИ, поради неговото непрофесионално однесување. Оваа консензуално донесена одлука е според кодексот за етичко однесување” – се вели во владиното соопштение.

Пред денешното разгледување на овој предлог на владина седница Заев ги прими инспекторите кои собираа потписи за петиција со која се побара да не се донесе одлука за разрешување на нивниот директор, по што премиерот истакна дека ги ислушал нивните аргументи и дека при донесување на конечната одлука истите ќе бидат земени предвид.

– Имавме денеска средба со тројца вработени во Државниот пазарен инспекторат и во делот на човечки ресурси и во делот на инспекторите во државата. Присутни беа застапници и на Македонците и на Албанците. Добри се луѓето, работат. Се видовме, поразговаравме, ги кажаа своите аргументации, имаа пофални зборови за својот директор Стојко Пауновски. Ги кажаа аргументациите кои тие мислат дека се важни да ги споделат со мене како претседател на Влада и со потпретседателот Љупчо Николовски. Ги ислушавме, разговаравме и денеска нивните аргументи ќе ги презентираме на владина седница, а потоа Владата ќе донесе одлука, изјави Заев.

Тој нагласи дека без разлика каква и да биде денешната одлуката на Владата за Стојко Пауновски, соработката со него ќе продолжи. Според Заев постапката против Пауновски треба да испрати порака дека законот мора да се почитува.

– Се работи за принцип. Ако Владата не постапи и не преземе ништо, зошто и останатите 1.179 директори во државата да не водат полемики во медиумите, да не ги спроведуваат законите, да не ги спроведуваат одлуките, вели Заев.

За Пауновски пак ваквата одлука е очекувана, во изјава за Телма кратко прокоментира: Простете им не знаат што прават!

– Со премиерот немав никаков конфликт. Доколку некаде имало конфликт тој бил со шефот на кабинет на Груби, околу распределбата на рамковните вработени – додава Пауновски.

Патот на одбрана на интегритетот и професионалноста на институција со која раководев, за жал, не наидоа на разбирање од премиерот” – напиша Пауновски на фејсбук.

Чашата во случајот се прелеа откако директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, изјави дека нема да попушти и да го потпише решението за вработување на 35 „рамковно вработени“, кои на инспекторатот му ги додели Министерството за политички систем и односи меѓу заедницитe, дури и по цена да биде сменет од функцијата.

Имено, тие беа распределени како дел од програмата К-5 на вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.

– Јас испратив писма со аргументи и до премиерот и до вицепремиерот, во кое детално објаснувам зошто нашата институција не може да ги прифати сите овие 35 вработени, туку можеме да прифатиме само 12 од нив. Досега немам добиено реакција на ова писмо, но можам да потврдам дека ниту премиерот, ниту кој било друг од Владата не ми се јавил да врши притисок врз мене за да го потпишам решението за нивно примање. Јас јавно кажувам дека тоа нема да го потпишам, па и по цена дури и да бидам сменет од функцијата директор на Државниот пазарен инспекторат. Јас сум политички дојден на таа функција и може и политички да бидам сменет, па нема да се лутам за тоа, но нема да попуштам на ниедна сила и тоа да го потпишам. Мора некој да застане на патот на ваквото однесување – изјави тогаш за медиумите директорот на ДПИ, Стојко Пауновски.

Претходно заканата на премиерот Заев дека ќе го смени директорот Пауновски предизвика лавина реакции од политички експерти, партиски функционери.

ВМРО-ДПМНЕ излезе со оценки дека Заев почнал со чистка во своите редови со сите оние кои не му одат по ќеифот.

– Секој кој малку ќе му се спротивстави или нема да се согласи со неговите ставови, се наградува со разрешување од функција или пак елиминација при партиските конкурси. Ова е начинот на кој Зоран Заев ја демонстрира демократијата во Република Македонија, но и во партијата каде тој се уште е самопрогласен претседател, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ венаш по најавите за разрешување на Пауновски.

За политичкиот аналитичар Петар Арсовски Владата немала избор освен да го разреши директорот, бидејќи има непочитување на етичкиот кодекс, без разлика од која причина е настаната.

– Тој не комуницира со премиерот и самото тоа е доволно за разрешуање. Ќе биде зијан и директорот и Владата. Тоа што не е доволно јасно во јавноста е дека со тоа Владата решава проблем што не го создала таа. Тоа се 1.350 рамковни вработени од претходната Влада кои сега Владата се обидува да им најде место, вели Арсовски. ВО ДПИ не се нудат инспектори, туку се понудени за помошен персонал и во таа смисла не се коси со никаков закон, но секако е непријатно кога гледате неусогласеност помеѓу владините претставници, вели Арсовски во гостување на Утрински Брифинг.

Стојко Пауновски е член на СДСМ од неговото основање, како инспектор работи од 1997 година, а два мандата беше пратеник во Собранието. Партијата засега нема официјален став за неговиот судир со лидерот Заев. Тој неодамна изрази разочарување од реакциите на премиерот Заев и од Владата.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
ФОКУС

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

ВЕСТИ September 26, 2025

Македонија, Косово и Молдавија се најдоа меѓу земјите кои бележат најголем пад на населението во…

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.