Во духот на христијанството, на овој голем ден да испратиме јасна порака дека си ја сакаме Македонија. Да се спротивставиме на ова зло во коешто ни е земјата. Нашата генерација ќе се гордее дека се ослободила од режим на владеење, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на средбите со граѓаните на Кавадарци.
-Не смееме при очи да замижиме, при уста да молчиме. Македонија е нашата света земја за којашто мораме заедно да се грижиме. Да покажеме дека ние, народот, сме на страната на вистината. Не верувам дека постои некој кој сака да ја гледа својата земја како оди во пропаст. Потребно е да се избориме за промени, за подобро утре, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во Кавадарци.
Во градот тој реализираше повеќе средби со граѓани, кои зборуваа за егзистенцијалните проблеми, како тие гледаат на случувањата во земјата, во врска со изборните малверзации и посебно околу последниот скандал во којшто е директно инволвиран премиерот Груевски. Последново, каде и да се спомене, наидува на гласни коментари на револт и охрабрување да се продолжи со разоткривање на вистинското лице на актуелната власт во интерес на државата и граѓаните.
.