„Немам кажано дека Вучиќ е националист. Секој пат сум ги почитувал политиките на сите соседи и партнери на државите“, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање.
Тој потенцира дека српскиот народ покажа големо пријателство, како и претседателот Вучиќ, премиерката Брнабиќ и министерот Лончар.
„Јас сум благодарен за ова, а политиките на пријателство биле израз на оваа влада и така ќе продолжи. Пријатели ни се наоѓаат кога ни требаат“, истакна премиерот.