Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Нека е вечно сеќавањето на нашиот претседател Борис Трајковски

0
By Нова ТВ on February 26, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот Борис Трајковски во пресудните моменти за државата во 2001 година имаше клучна улога, а неговата изјава по повод потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, дека станува договор и потпис на проектот Македонија во 21 век, денеска се памети како тестимонијална. Мојот сограѓанин, Трајковски беше човек од народот. Секогаш наоѓаше време за проблемите на обичните луѓе. Доаѓаа тие кај него, но и тој не престана да ги посетува во нивните домови, наведе премиерот Зоран Заев на неговиот Фесбук-профил, по повод 17 години од трагедијата во која загина Трајковски и уште осуммина негови најблиски соработници и членови на екипажот на авионот.

Заев посочи дека ненадејната смрт на претседателот Трајковски ни одзела голем државник, безмерно сакан сопруг, татко, брат и пријател. И денеска, како што наведе, е тешко е да се најдат зборови на утеха и за спокој во нивните срца за огромната загуба за семејството.

– Светот се соочи со фактот дека во тој тажен момент беше прекинат животот на државникот Трајковски додека беше во полн подем, со инспиративна политичка зрелост и политички континуитет што оставија длабока и неизбришлива трага во историјата на современата независна македонска држава.
За претседателот Борис Трајковски, стратегискиот интерес на Република Северна Македонија – нејзината интеграција во Европската Унија и НАТО беше визија за реализација на која тој целосно се посвети. Целосно свесен за овој факт тој порача дека сите мораме да придонесеме за нашето членство во НАТО и во Европската Унија. Во име на неговиот спомен, и во име на неговите пораки од пред 17 години, ние денеска со право можеме да кажеме дека дел од тие пораки, дел од неговата визија – се исполнети. Нашата земја е полноправна членка на НАТО и ја очекува меѓувладината конференција со ЕУ за старт на преговорите, истакна премирот, и посака да е вечно сеќавањето на нашиот претседател Борис Трајковски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.