Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Ние сме НАТО, одиме кон ЕУ!

0
By Нова ТВ on September 30, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На овој ден пред две години 609.813 македонски граѓани го заокружија изборот „ЗА“ на референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“, објави премиерот Заев на Фејсбук.

-На овој ден пред две години 609.813 македонски граѓани го заокружија изборот „ЗА“ на референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.
Патот кој води до сигурна евроатлантска иднина доби повеќе гласови од победниците на сите парламентарни избори во историјата на независна Македонија.
Резултатот на референдумот беше сигнал дека пратениците во Собранието имаат обврска да ја следат мнозинската волја и тие ја прифатија историската одговорност која се исправи пред нив. Во парламентарниот дом беа донесени храбри одлуки чии благодети граѓаните веќе ги чувствуваат.
Договорот со Грција во својата суштина ја има иднината на нашата држава Северна Македонија, од што произлезе членството во НАТО и одлуката за почеток на преговори со ЕУ.
Станавме рамноправна членка на семејствата на НАТО, сојузник со нациите кои уживаат силен економски развој и со чија помош си ги гарантираме сигурноста, безбедноста и добробитот за граѓаните.
Оваа година ги почнуваме преговорите за членство во ЕУ.
Овие храбри одлуки носат подобар живот за сите граѓани и ни го потврдија богатото историско и културно наследство кое ја има направено нашата македонска нација славна.
Постигнавме договор кој го гарантира правото да се определуваме како Македонци, а македонскиот идентитет ги отсликува нашата територија, јазик, народ, со сите атрибути, со своја историја, култура и наследство.
Ја испративме во историјата на заборавот референцата ФИРОМ (ПЈРМ) и денес нашата земја е заведена во Обединатите Нации под името Република Северна Македонија, преведено на сите јазици, со химната, грбот и знамето кои не се променија.
Оваа наша генерација македонски граѓани ја прифати демократијата како највисока вредност, но и како одговорност. Во име на таа наша одговорност ги направивме потребните чекори за најважните одлуки за иднината на сите граѓани на Република Северна Македонија, напиша премиерот на својот ФБ профил.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

ВЕСТИ October 8, 2025

„Одбрана на демократијата: Бојното поле на вистината“ е генералната тема на тридневната меѓународна конференција чиј…

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.