Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев од Гази Баба: Во првиот круг СДСМ добива 22 градоначалници, а ВМРО-ДПМНЕ само 6

0
By НОВА ТВ on October 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СДСМ и Коалицијата денеска своите изборни активности на карванот „Најдоброто за мојата општина“ ги продолжи меѓу граѓаните на Чучер Сандево, Бутел, Гази Баба и Велес.

На 17-ти октомври победуваме, победува Гази Баба, победува Скопје, победува најдоброто во целата држава, наша татковина, порача вечерва од Гази Баба претседателот на СДСМ Зоран Заев. Тој најави победа на локалните избори уште во првиот изборен круг.

– И еве вечерва од Гази Баба да ја испратиме и првата проценка за 17-ти октомври на изборите, нашиот политички противник ќе победи во првиот круг во 6 општини, ќе добијат 6 градоначалници, а коалицијата на чело со СДСМ ќе победи во првиот круг со најмалку 22 градоначалници, тоа е 3 и пол пати повеќе. Слушајте ми го зборот, добро сум упатен, добро информиран, 22 на 6 во првиот изборен круг, рече Заев.

Кандидатот за градоначалник на Гази Баба, Борис Георгиевски рече дека и покрај блокадите на ВМРО – ДПМНЕ, локалната власт реализирала повеќе од 200 проекти во изминатите четири години.

– Заедно со бизнис секторот отворивме нови 4.000 работни места, во 15 нови инвестиции. Изградивме 48 километри патишта, булевари, улици. 23 километри водоводна и канализациска мрежа. Изградивме 10.600 метри квадратни пешачки патеки и 3.100 метри велосипедски патеки. Засадивме нови 2.000 дрвја и подигнавме 9.000 метри квадратни јавно зеленило. Гази Баба ја наследив со долг од над 2 милиони евра и опасност од блокирање на сметката. Целосно заборавена општина, оставена во 19 век. Успеавме да ги вратиме долговите, да ја наполниме касата, за нови проекти, порача Георгиевски.

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски во Горно Оризари го промовираше кандидатот за градоначалник за Велес на оваа партија. Спасовски рече дека во изминатите години во општините централната власт вложила повеќе од 500 милиони евра во проекти, а реализирани се повеќе од 7.000 проекти низ општините. Тој додаде дека се изградени и реконструирани 1.040 километри патишта, 60 градинки, од кои 40 во рурални средини, 60 полициски станици.

– На овие избори треба да се избере „Најдоброто“, бидејќи СДСМ ги има најдобрите кадровски потенцијали, кои внимателно се одбрани, кои се одликуваат со чесност, одговорност, посветеност и упорност“, рече Спасовски

Кандидатот за градоначалник на Велес, Ненад Коциќ рече дека еден од петте приоритети во програмата е грижа за руралните средини.

– Веднаш по започнувањето на мандатот ќе се зафатиме со решавање на проблемите во Оризари, еднаш засекогаш треба да се реши проблемот со водата за пиење и повеќе да нема проблем со тоа и во Оризари и во другите села, рече Коциќ.

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски вечерва беше на средба со жителите на селото Црник, Пехчево. Тој таму порача дека СДСМ вложува во развојот на општините. Николовски додаде „затекнавме блокирани и крахирани општини од луѓето на Груевски. Со 50 милиони евра ги раздолживме општините, скративме на непродуктивни трошења и расипништво што го гледавме во претходните 11 години“.

– Уште на 17-ти октомври и село Црник и цело Пехчево ќе прати гласна и јасна порака за победа за градоначалник и за советничката листа, за бројот 12, и ќе продолжиме напред, а не назад. Да гласаме за Славчо Пандурски, за да ги продолжиме проектите, да продолжиме со нашата заедничка поддршка, со поддршката на централната власт, за да продолжиме да градиме училишта, мостови, патишта. Фактите говорат дека нема регионален пат што не е обновен, модернизиран не е асфалтиран. За четири години изградивме над 1.040 километри патишта, 60 градинки, 35 здравствени објекти, 80 училишта, домови на култура и многу капитални проекти коишто се од интерес на граѓаните. СДСМ не инвестира во жални врби, во стиропор, во барок. Тоа е минато и враќање назад нема, СДСМ инвестира во проекти за граѓаните, го слушаме секој и наоѓаме решение на секој проблем, рече Николовски.

Кандидатот за градоначалник на Пехчево, Пандурски презентираше дел од проектите планирани за следните четири години, како што е изградба на водоводни мрежи за водоснабдување и одводнување, реконструкцијата на локалниот пат Робово – Умлена – Чифлик, регулација на делот од речното корито на Пехчевска Река, реконструкција на патот Пехчево – Равна Река и други.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.