Со 413 гласови „за“ и 176 гласови „против“ Зоран Заев останува лидер на партијата. Ова е исходот од Конгресот за доверба на раководството на кој денеска гласаа делегатите на СДСМ.
На Конгресот присуствуваа 607 делегати од вкупно 707. По завршеното пребројување на гласовите во моментот делегатите се собираат во салата каде што наскоро ќе бидат и официјалнои соопштени резултатите од гласовите.