Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Ова е последно помагање за исплата на плати

0
By Нова ТВ on February 16, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мерката со која се помагаат компаниите за исплата на плати ќе биде последна од ваков вид, рече денес премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата за петтиот сет економски мерки.

„Да, ова е последно помагање за исплата на плати. Чесно е Владата да ја испрати пораката – очекуваме развој, раст. Тоа се случува во светот, ги следиме трендовите, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Тој сепак додаде дека државата е тука и продолжува будно да следи и да им се најде на работниците, на компаниите, на сиртомашните граѓани и на сите кои што се погодени.

„Мерката за плати се однесува на погодените компании со повеќе од 30 отсто пад на своето производство, во споредба со трите месеци кои што ги споредуваме сега, со претходната или пред една година“, појасни Заев.

Тој објасни дека компаниите кои што покажале пад на нивното работење во ноември и декември лани и во јануари оваа година, во спореддба со ноември и декември 2019 и јануари 2020, ако имаат повеќе од 30 отсто пад, тогаш заслужуваат да им се помогне.

„Сите се борат, има компании кои што се со добар профит и со добар раст и развој, има и такви кои што се на прагот на рентабилноста, сите се погодени и затоа континуирано и принципиелно како што помагавме и до сега со платите, така продолжуваме и понатаму да помагаме“, рече Заев.
Тој додаде дека намерно не се земени за споредба месеци како февруари и март, затоа што ќе има дисторзија.

„Тогаш веќе беше кризата, како и да мерите. Сепак, ноември и декември 2019 и јануари 2020 беа месеци кога немаше ковид криза, кај нас пандемијата се појаави на крајот на февруари, а рестрикциите почнаа некаде околу 13 март. Затоа е соодветна споредбата на овие три мессеци со тие три месеци. И согласно тоа, таквите компании ќе добиваат помош и поддршка во делот на платите“, рече Заев.

Претходно, елаборирајќи ги мерките од петтиот економски пакет, тој рече дека за поддршка на плати во февруари и март 2021 година се обезбедени 1,92 милијарди денари. Со оваа прва мерка ќе бидат опфатени околу 60.000 работници месечно, а поддршката ќе биде скалеста во износ од 14.500 до 21.776 денари.

Како што рече денеска премиерот Зоран Заев, образложувајќи го детално петтиот сет, оваа мерка е опциска, односно компаниите ќе може да ја користат или неа или втората мерка – за кредити со нула проценти камата во дејностите туризам, занаетчиство, угостителство, индустрија за организирање настани, транспорт, првиатни здравствени установи.

-За втората мерка се проектирани 615 милиони денари или 10 милиони евра и за неа може да се аплицира во 2021 година. Средствата ќе се реализираат преку Развојната банка, истакна премиерот кој на прес-конференција во Владата ги објасни поединечно сите мерки од петтиот пакет.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025
ФОКУС

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

ВЕСТИ September 30, 2025

Стејт департментот порача дека САД се подготвени да соработуваат со косовската влада, но дека очекуваат…

„Ако не го прифатите, ќе биде тоа тажен крај“ – Трамп му даде 4 дена на Хамас за планот за Газа

September 30, 2025

Министерот за одбрана на САД до американските генерали и адмирали: Подгответе се за војна

September 30, 2025

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

September 30, 2025
ТИКЕР

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.