Пописот и резултатите нема да влијаат на менување на Уставот и ревидирање на Охридскиот рамковен договор. Премиерот Зоран заев ги отфрла шпекулациите дека во зависност од резултатите на пописот ќе има промени во клучните документи. Вели дека попис ќе има секако без одложување во април следната година.
Пописот го одложивме бидејќи Мицкоски и опозицијата бараа да биде одложен неколку месеци пред пандемијата и го направивме тоа. Пописот и резултатите, никако не влијаат на Уставот, на Рамковниот договор, или слично. Пописот треба да се спроведе заради рамномерниот развој, економските параметри, статистиките коишто ни требаат во државата. Има правила Евростат и треба да ги почитуваме до крај. Април 2021 е месецот за спроведување на пописот, изјави Заев.