Дадов збор дека ќе има редовни избори, а зборот е збор. Избори ќе има во 2024 година, кога се и претседателските , изјави премиерот Зоран Заев, на денешната прес-конференција.
Заев истакна дека сега приоритет е да се спроведе ветеното и евентуалните избори нешто не би промениле, бидејќи како што вели последните истражувања покажуваат дека поддршката на власта расте и таа повторно би ги добила евентуалните предвремени избори.
-Дотогаш да ги засукаме ракавите и да го спроведе она што го ветивме. Впрочем, и да ги повториме сега изборите, последните истражувања покажуваат дека тоа нема многу нешто да промени. СДСМ со коалицијата, наместо 46 ќе има 49 пратеници, а ВМРО-ДПМНЕ ќе има 40. ДУИ, наместо 15 ќе има шеснаесет, Алијанса ќе има осум или девет пратеници“, рече Заев.