Во Брисел денеска се одржува дискусија на амбасадорско ниво за преговарачката рамка за С Македонија, како и за Албанија, додека министерскиот совет на кој треба да се носи одлуката е одложен за една недела.
„Ја имаме првата непријателска порака и блокада од Бугарија за преговарачката рамка“, објави попладнево премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање по увидот на магистралниот гасовод Скопје – Тетово – Гостивар.
„Ја имаме првата блокада од Бугарија. Денеска е прекршен членот 2 од договорот, ние ништо досега не прекршиме. Ова е непријатно чувство. Треба да бидеме паметни и да го решиме спорот на пријателски начин, а денеска е испратена не така пријателска порака од соседна Бугарија. Првиот чекор е блокиран“, изјави Заев.
Членот два од Договорот за добрососедство, појасни Заев, вели дека Бугарија треба да не поддржува кон патот за интеграција. Бугарската страна, посочи, треба да го сподели своето искуство, со цел да ѝ помогне на С Македонија да ги исполни неопходните критериуми за членство во Европската Унија и да ја поддржи Македонија за добивање покана за членство во НАТО, согласно соодветните одлуки од средбите на врвот на НАТО.
„Среќен сум што ја имаме поддршката од страна на Германија“, изјави Заев.