Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Рамковниот договор испрати порака на разбирање, извинување и простување

0
By НОВА ТВ on July 27, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Еден од првите приоритети на Владата од 2017 година беше нормативно заокружување на Рамковниот договор. Тогашниот состав ја исполни обврската што непотребно се одолговлекуваше со години и се усвои Законот за јазиците и сите подзаконски акти за правична застапеност, а со тоа се заокружи Рамковниот договор што произлезе од конфликтот“, кажа премиерот Зоран Заев на тематската седница по повод одбележувањето на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Заев додаде дека оваа значајна годишнина се совпаѓа со триесетгодишнината од осамостојувањето на државата.

-Конфликтот понесе и жртви, но со Договорот веќе не сме општество без надеж, кажа премиерот, нагласувајќи дека на принципите на недискриминацијата и правичноста државата се гради во општество за сите. „Охридкиот рамковен договор ја испрати пораката на меѓусебно разбирање, извинување и простување. Тој донесе нов дух на водење политики, политики што градат мостови, а не ги рушат“, рече Заев.

Според него, со овој договор нашата држава е постабилна и побезбедна, со посилна социјална кохезија и ги постави темелните вредности за решавање конфликти, по што следувале и Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство и пријателство.

-Се определивме за политики што ја градат Северна Македонија како граѓанска држава за сите кои живеат во неа. Прифативме дека Македонците како мнозински народ имаат одговорност за афирмација и поддршка на сите останати заедници што живеат во земјата, а и помалите заедници имаат одговорност за афирмација и поддршка на македонскиот идентитет, кажа Заев.

По говорот на премиерот, следуваше аплауз кој го поттикна првиот потпретседател на Владата, Артан Груби.

-На овој начин, со храбри чекори се гради едното општество за сите и се заврсти евроатлантскиот пат на земјата, порача Груби, кој откри дека мотото на одбележувањето на јубилејот гласи „По Охрид“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.