Зоран Заев кој секој моментс е очекува да биде реизбран за лидер на СДСМ, на говорницата пред присутните 700 симпатизери, сопартијци, лидерот на СДСМ, Зоран Заев порача дека Македонија е на прагот да ја добие новата Влада.
„Живот во Македонија за сите. Од денес тоа е наша света обврска. Грѓаните на Македонија се на прагот да ја добијат својата Влада по речеиси 11 години наметнат режим. Од денес се отвора широко поле на можности за обнова на општеството но, и на нашите животи. Ова е нов почеток з а нашата Македонија “, рече пред присутните делегати Заев.
Заев од говорницата порача дека оттука стартуваат реформите на новата влада, но и новиот живот во Македонија. Тој не конкретизираше до каде се преговорите со сите партии, сепак рече дека Македонија веќе следната недела ќе добие нова Влада со европски вредности.
„Нема да дозволиме да се повтори злото, ќе овозможиме еднаква можност за сите во општеството. Свесен сум дека имаме големи предизвици, за демократскиот ќорсокак из а излоацијата на надворешен план, за економскиот колампс. Од следната недела се отворатаат можностиѕтете за сите. Ќе им дадеме шанса на сите. Ќе работиме на создавење не, на рушење. Посветено ќе работиме и со посебна грижа ќе се потрудам да ја оправдаме вашата доверба. Нема да дозволиме да се повтори злото што им го направи ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните и државата. Ние веруваме во општествен прогрес и тој прогрес е можен, веруваме во споделена иднина и дека секој е важен. Затоа ќе овозмоижиме еднакви шанси за сите во владата и општеството,“ рече Заев.
Пораки дека ја поддржуваат партијата, испратија и сестринските европски партии на СДСМ и европратеници.
„Тоа што денес ќе го решите како делегати на овој историски конгрес е важно за сите во Македонија. Имате можност да докажете дека социјалдемократските политики и вредности се алатка за креирање на подобар живот. Солидарноста меѓу луѓето е столбот во социјалдемократската идеологија“.
На 22от конгрес делегатите освен претседател, ќе изберат заменик и членови на Централниот одбор.

