Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Родовата еднаквост една од клучните работи за позитивен општествен напредок

0
By Нова ТВ on March 19, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Родовата еднаквост во спортот не е само декларативна поддршка, туку е реалност која мора да се случи и да се одржува, изјави денеска премиерот Зоран Заев во своето обраќање на настанот „Родова еднаквост во спортот”.

-Ние како Влада ја препознаваме родовата еднаквост како една од клучните работи за позитивен општествен напредок. Но, постигнувањето на родова еднаквост во спортот ќе биде уште поголем успех за сите нас зашто спортот сѐ уште гласи за машко доминантна област и време е заеднички да ги надминеме родовите стереотипи кои преовладуваат во спортот, истакна премиерот. Тој нагласи дека спортистките и спортските работнички треба подеднакво да учестуваат во сите процеси на донесување на одлуки кои ќе влијаат на развојот на рекреативниот и врвниот спорт.

-Имаме способни, мудри и храбри жени кои рамо до рамо со мажите треба да придонесат кон креирање на политики на еднаквост во спортот, потенцираше Заев.

На настанот присуствуваше и Силвија Митевска, советничка на премиерот за спорт. Според Митевска, родовата инклузивност е двонасочен процес и за да се надмине нееднаквоста во спортот и мажите треба да бидат подеднакво вклучени колку и жените.

-Нашиот план е амбициозен, но со добра координација и посветеност веруваме дека е реален и остварлив. Ние кај нас сакаме да го видиме она што веќе е практика во европските земји. Тоа подразбира интеграција на родовата перспектива во стратешкото планирање и работење на спортските субјекти, донесување на родово-сензитивни закони и подзаконски акти, вклученост на жените во сите процеси на донесување на одлуки и примена на родово-одговорно буџетирање, рече Митевска.

Наумче Мојсовски, директор на Агенцијата за млади и спорт, денеска во своето обраќање на настанот, посочи дека вложувањето во спортот генерално и враќањето на спортот таму каде што припаѓа, значи инвестирање во здрав, квалитетен живот, во градење на најдобрите амбасадори на една држава.

-Го знам патот на моите колешки. Исправени се пред низа предизвици и стереотипи против кои храбро се борат и не дозволуваат да им го попречат патот по кој одат. Сите ние сме тука со една цел – целосна рамноправност и еднаквост на мажите и жените во спортот”, рече Мојсовски и притоа истакна дека дел од мерките за родова застапеност на жени во управувачки органи ќе биде опфатен во новата законска регулатива, додаде Мојсовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

ВЕСТИ November 6, 2025

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва…

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.