Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Системот се справува и со крупните и со ситните риби!

0
By НОВА ТВ on July 28, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Јас сум свесен дека не постои власт за која народот верува дека во нејзиниот прв и втор ешалон нема корупција. И завчера немав намера да го убедувам народот во тоа. Напротив, најважно е што ќе направи секој од нас за да бидеме поблиску до таа цел – а целта е нема корупција во било кој ешалон од власта и во кој било дел од општеството“, истакна во писмена изјава премиерот Зоран Заев, додавајќи дека власта е непријател и противник на корупцијата.

-За разлика од претходната, оваа Влада сериозно ги зема предвид и постапува по меѓународните извештаи. Го читаме и анализараме секој збор, секој наод од сите извештаи и ги третираме како сериозни четива кои ни помагаат да ја менуваме ситуацијата. Нашите мерки се за сите, не само за администрацијата. Нашата антикорупциска стратегија е за сите ешалони – тоа е прочистувањето на правосудството, етичкиот кодекс за функционерите кој важи прво за мене, а после за сите други, постојаното зголемување на транспарентноста на институциите, новата стратегија за конфискација на имот, дигитализацијата на институциите со која се отстранува човечкиот фактор при носењето одлуки и унапредувањето на системот за јавни набавки. Ова се мерки кои спречуваат корупција и кај министрите, и кај службениците и кај граѓаните, одговорил Заев на прашањата на Канал 5.

Според него системот се справува и со крупните и со ситните риби и повеќе високи политичари се веќе со судски пресуди на издржување затворски казни, што, според него, треба да е сериозна порака за секој политичар, особено за тие од прв и втор ешалон, не само за администрацијата.

-Имам јасна порака до сите носители на јавни функции, до прв и втор ешалон, до државните службеници и до граѓаните: Внимавајте, сега се` е јавно, сите знаат се` поради транспарентноста – учеството во коруптивни активности не се исплати и сериозно ќе биде казнето”, искоментира премиерот Заев по критиките од синдикатските здруженија и политичките партии, кои реагираа на неговата изјава од завчера, во која вината за корупцијата во Македонија, нотирана и од Стејт департментот на САД, ја лоцираше во „третиот ешалон”, односно административните работници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025
ФОКУС

Тел Авив: Активистите пловат кон Израел но ќе ги депортираме во Европа

ВЕСТИ October 2, 2025

Израел објави дека активистите од флотилата, која Израел ја нарекува „Хамас-Сумуд“, пловат безбедно и мирно…

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

October 1, 2025

Хамас го проблематизира планот на Трамп за Газа

October 1, 2025

Израелскиот министер за одбрана издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ од енклавата

October 1, 2025
ТИКЕР

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.