Скопје ќе продолжи да се гради, но со усул. Не мегаломанско Скопје кое ќе ја блокира флуктоцијата ма ветерот и воздухот, туку ќе се развиваат перифериите, изјави денес премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата за уредувањето на кејот ,,13 Ноември”.
Според премиерот, поради ова е донесен новиот урбанистички закон за просторно и животно планирање кое што прво ја испраќа пораката дека нема повеќе паркинг надвор од парцела.
-Паркингот мора да се реши во парцелата. Верувам дека ставивме нормативи кои што го амортизираат мегаломанскиот апетит на инвеститорите, а од друга страна даваме можност преку периферно градење на градот“, истакна Заев.