Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев со апел до банките да ги намалат каматите и провизиите и да одобруваат повеќе кредити

0
By Нова ТВ on March 28, 2019 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев ги повика банките да преземат похрабри одлуки и да придонесат повеќе за поддршка на економијата и севкупниот развој. Да преземат похрабри чекори во делот на паѓање на каматите, намалување на провизиите и флексибилност во одобрување на кредитите.

– Силно го поздравивме последното намалување на референтната каматна стапка на 2,25 проценти, кое е историски најниско ниво и сето тоа ќе предизвика и мора да предизвика паѓање на каматните стапки во банките. Зашто верувам дека и бордовите и нивните надзорни одбори ќе смогнат малку попозитивни или похрабри аспекти во нивното одлучување за намалување на каматите, на потребата од пласирање на реално огромниот обем на слободнтие средства што ги имаат банките, рече Заев од собраниската говорница.

Изрази уверување дека доколку органите на приватните банки малку повеќе го сменат курсот и бидат похрабри и поотпимистички во делот на своето одлучување, тогаш ќе дадат сериозен придонес во севкупниот економски развој, во подигнувањето на стандардот на граѓаните, но и на инвестициите.

– Имаме случаи кога нова фирма нема бонинтет, нема свои приходи и расходи во минатото, а има сериозен капитал зад себе. Банките не прифаќаат да дадат кредити на вакви фирми затоа што не го гледаат приливот. Во сите земји се одобруваат вакви кредити посебно заради бизнис планот и секако имаат гаранции, истакна премиерот.

Тој најави дека Владата веќе генерира одредени политики за да се направат одредени конкретни исчекори преку Македонската банка за поддршка на развојот која ќе може дополнително да има свои активности за да се поддржат максимален број проекти.

Заев посочи дека треба да се размисли и за висината на провизиите, кои според него, се уште се многу високи. – Провизиите се уште се многу високи што ги прават банките. Сето тоа ја прави непријатна атмосферата и кон самите нив. Верувам не се отпорни на критиките дека банките имаат профити, добро е да имаат сите компании профити, но сепак очекуваме слободни средства на еден похрабар начин или попзитивистички да најдат начин да ги пласираат и да допрат до што поголем број компании и граѓани, рече Заев, додавајќи дека кога граѓаните имаат поевтини средства за своите намени, тоа ќе ја зголемува и јавната потрошувачка.

– Потребни ни се сите позитивни механизми, а ни треба и позитивниот однос на Парламентот бидејќи тоа значи стабилна бизнис клима. Ни треба дијалогот да постои во државата, реформите да се случуваат, но ни требаат и сите ресурси што постојат да бидат искористени за развојот, порача премиерот Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.