Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Со членството во ОН пред 28 години се етаблиравме како самостојна и независна држава

0
By Нова ТВ on April 8, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Со членството во ОН нашата држава се етаблираше на меѓународна сцена, како самостојна и независна држава, еднаква во меѓународното семејство на народи. Во изминатите 28 години поминавме многу предизвикувачки моменти и премрежија кои бараа храбри одлуки. Со мудро лидерство, разумни политики и обединетост сите успеси ги постигнавме откако станавме членка на ОН. Да останеме обединети, силни и посветени и во овие тешки моменти да ја направиме заканата од коронавирусот да биде минато со одговорно однесување на сите“, порача премиерот Зоран Заев во објава на Фејсбук по повод одбележување на 28 години од приемот на нашата држава во Организацијата на Обединетите нации (ООН) под привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија“.

„Денес одбележуваме 28 години полноправно членство во Обединетите нации како Република Северна Македонија. Со членството во ОН нашата држава се етаблираше на меѓународна сцена, како самостојна и независна држава, еднаква во меѓународното семејство на народи. Во говорот во ОН на овој ден во 1993 година, претседателот Глигоров ги постави темелите на нашите вредности и ги зацрта нашите најважни приоритети во надворешната политика, на кои и денес сме посветени и кои неуморно ги реализираме. Тие темели се цврсти и непроменети и денес и се базираат на Повелбата на Обединетите нации во која од секоја земја се очекува да учествува во јакнењето на меѓународниот мир и безбедност, развивањето на економската соработка и заштита на човековите права, како предуслови за побезбеден и праведен свет за сите“, напиша Заев.

Почитувајќи ги овие принципи во сите изминати години Северна Македонија, наведува тој, го даваше својот придонес во решавањето на меѓународните конфликти во согласност со резолуциите на Советот за безбедност, во интерес на мирот и на безбедноста.

„И денес, кога сме 30-та земја членка на НАТО, рамноправно продолжуваме да учествуваме во одржување на безбедноста и мирот во светот заедно со нашите сојузници во најмоќната политичка и воена алијанса во историјата на човештвото. Поставивме пример за другите дека со дипломатија и дијалог, со разбирање и толеранција, можат да се решат најгорливите прашања и да се добијат нови пријатели и сојузници. Активно ја поддржуваме и развиваме регионалната соработка за да биде во функција на мирот, стабилноста и просперитетот на сите граѓани во нашиот регион“, посочува Заев.

Во својот говор во ОН поранешниот претседател Глигоров, како што додава Заев, ја посочи и втората цел: „Република Македонија како европска држава се стреми да стане член на Заедницата на европските народи“.

Во октомври минатата година, потсети премиерот, ЕУ донесе безусловна препорака Република Северна Македонија да ги започне преговорите за членство во Унијата. На добар пат сме, оценува Заев, да ја оствариме и оваа стратешка цел од интерес за добробитта на сите наши граѓани.

„Во изминатите 28 години поминавме многу предизвикувачки моменти и премрежија кои бараа храбри одлуки. Беа неопходни мудро лидерство, разумни политики и обединетост за сите успеси ги постигнавме откако станавме членка на ОН. Да останеме обединети, силни и посветени и во овие тешки моменти. И ова ќе го поминеме. Да веруваме во нашите капацитети и способности. Да ја направиме заканата од коронавирусот да биде минато со одговорно однесување на сите, со професионалноста на нашите институции и со солидарноста на нашиот народ“, истакна Заев.

На 8 април, во 1993 година нашата држава беше примена во Организацијата на Обединетите нации под привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија“. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.