Поранешниот македонски премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев имаше 20-минутно обраќање пред делегатите на третиот Конгрес на грчката опозициска партија СИРИЗА. Говореше, меѓудругото, за Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот спор меѓу двете земји, за храбриот пристап кон проблемот што го имале со неговиот тогаш колега премиер, Алексис Ципрас, бидејќи сите бегале од негово решавање.
„Јас и мојот пријател Алексис направивме џиновски чекор за иднината на нашите држави, за нашите граѓани, за целиот регион и за Европа. Во име на пријателството во иднина, мирот и стабилноста, за подобра иднина на малдите генерации“, рече Заев од говорницата пред Конгресот.