Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев–Столтенберг: С.Македонија е посветена на демократските реформи и на евроатланскиот пат

0
By Нова ТВ on July 26, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска во телефонски разговор му упати честитки на лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Зоран Заев за победата на предвремените парламентарни избори и изрази задоволство што во Република Северна Македонија е реизбрано политичкото раководство кое со своите храбри и исправни политики ја внесе земјата во НАТО, како 30-та земја членка, соопшти Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.

Како што се наведува во соопштението, соговорниците се согласиле дека со ова е потврдена определбата на земјава, како членка на НАТО, да го продолжи реформскиот пат кој значи напредок, развој и стабилност.

– Особено е важно, нагласи Столтенберг, што тоа се случи по решавањето на големи проблеми на меѓународен план и по спроведувањето на значајни реформи дома, што го потврдува демократскиот капацитет на македонскиот народ, се додава во соопштението.

Заев од своја страна изразил благодарност за честитките и нагласил дека на овие избори се покажало оти граѓаните ја поддржаа посветеноста и исправниот реформски курс на Владата предводена од СДСМ.

Тој нагласил и дека Северна Македонија цврсто останува посветена на демократските реформи и евроатланската ориентација.

– Двајцата соговорници се согласија дека имавме достоинствени, фер и демократски избори, како што доликува на земја членка на НАТО и на земја што почнува преговори за полноправно членство во Европската Унија, се наведува во соопштението на СДСМ.

Заев во разговорот истакнал и дека новата влада, предводена од СДСМ, со уште поголемо темпо ќе продолжи посветено да работи, особено на полето на економски напредок, на реформи во правосудниот систем, како и на политики кои ќе донесат развој и подобар живот за сите граѓани.

– Генералниот секретар на НАТО Столтенберг порача  дека и во идниот период ќе продолжи соработката меѓу НАТО и Северна Македонија како членка на НАТО, но и соработката и поддршката во однос на надминување на сите предизвици со кои се соочуваме, информира СДСМ.

Столтенбнерг се интересирал и за состојбата со ситуацијата со Ковид-19 и нагласил дека „НАТО е тука за да помогне, секогаш кога тоа ќе биде потребно“.

– Претседателот Заев изрази благодарност за поддршката и нагласи дека во однос на коронавирусот земјата реагираше брзо и навремено и не дозволи да се оптовари здравствениот систем, како што тоа се случи во некои други земји, се додава во соопштението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025
ФОКУС

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

ВЕСТИ October 12, 2025

Блокади во Кочани. По, синоќешниот редовен протест во рамки на „Марш за ангелите“, денеска најава…

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет

October 12, 2025

Тел Авив: Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху

October 12, 2025

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

October 11, 2025
ТИКЕР

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.