„Апсолутно сум свесен прво и како претседател на Владата и како човек којшто е упатен во процесите, дека тоа што се случува во светот нема да не одмине нас. Секој со својот памет зависи како ќе се позиционира и во делот на вистинските правци и во делот на навременоста на позиционирање и еве ја имам честа и одговорноста да ја водам Владата каде што се креираат главните пакети и димензии.
-Одлично соработуваме со коморите, со универзитетските институции каде што имаме квалитетни кадри но и со синдикатите, работодавачите и сите.
-Оттука произлезе и 4-от пакет мерки. Прво лично не верувам дека вакцината ќе реши се или лековите ќе решат се, за мене е ова мислам нешто како грипот, ќе ја има вакцината ќе не излечи, но ќе има мутации што значи поентата ми е да се спремиме да работиме во вакви околности заради тоа што не сакам никого да заплашам, дај Боже да бидеме уште пооптимистички од ова што го кажувам, изјави премиерот Зоран Заев во гостувањето во емисијата „Економски магазин“ на ТВ Алсат.