Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Транспарентноста и пристапот до информации во време на криза спасува животи

0
By Нова ТВ on September 28, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

-Оваа година Меѓународниот ден на правото на пристап до информации од јавен карактер, ОН и УНЕСКО го посветија на остварувањето на ова право со услови на криза, и во услови кога за ова право се исполнети сите уставни и законски гаранции во демократските општества. Свесни дека пристапот до информации во време на криза спасува животи, Владата ги следеше принципите за отвореност на институциите, транспарентност и комуникација за најважните прашања и мерки во справувањето со КОВИД-19 од интерес за граѓаните, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук, потенцирајќи дека она што е најважно е токму пристапноста до информациите, транспарентниот пристап што Владата го покажува за време на кризата, а сето тоа гради доверба помеѓу граѓаните и институциите кои им служат.

-Денес, секоја проверена и веродостојна информација поврзана со справувањето на здравствените и економските последици од КОВИД-19 се на еден клик од секој граѓанин во Северна Македонија.

Стратешките определби за пристап до информациите, за транспарентност и за комуникација, опфатија редовни прес-конференции, на почетокот и по две или три на ден, на кои медиумите и граѓаните, во живо преку интернет, или преку традиционалните електронски медиуми, беа редовно информирани и во контакт со стручни лица, и овластени политички претставници од најважните надлежни институции.

 

Централните владини медиумски настани одат двојазично, а дополнителната инклузивност ја обезбедивме и со вклучување на толкувачите на знаковниот јазик, додека главните пораки за основна заштита од коронавирусот беа преведувани на 6 јазици на малцинствата, пишува премиерот Заев.

За да обезбедиме широк пристап до информациите значајни за граѓаните, појаснува тој, креирана е
посебна веб-страница на која се наоѓаат сите информации за КОВИД-19 и сите мерки кои државата ги презема во борба со вирусот, а за економските мерки аплициравме посебна пребарувачка алатка.

Дополнителен пристап до најважните информации, според заев, овозможиле и апликациите на Вајбер, како и посебните веб страници за дел од владините мерки како што се https://domasiedoma.gov.mk и https://kupuvamdomasno.gov.mk/mk/.

-Сето ова се оствари затоа што Владата на Република Северна Македонија уште на почетокот на здравствената криза со коронавирусот, препозна дека една од повеќето важни задачи што претстојат е отворениот пристап до информациите и навременото, постојано и веродостојно информирање, со цел заштита на јавното здравје и здравјето на секој граѓанин во земјата, напиша премиерот на својот ФБ профил.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.