Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Верувам дека ќе преовлада одговорноста кај сите за успешно спроведување на пописот

0
By Нова ТВ on February 21, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одговарајќи на новинарско прашање, во врска со спроведувањето на претстојниот Попис 2021, претседателот на Владата на Северна Македонија, Зоран Заев потсети на важноста од спроведување на пописот. Како што истакна тој, сите одговорни чинители во нашето општество, новинарите, граѓаните, политичките партии, пред сé и Владата се свесни за предизвикот со кои ќе се соочиме доколку повторно уште десет години останеме без потпис.

„Тоа не смееме да си го дозволиме”, рече премиерот Заев, и додаде дека ако сме држава која еве веќе 20 години нема попис, тоа треба да го направиме час поскоро.

„Јас сум убеден дека ќе имаме успешен попис, од 1 до 21 април, како што е предвидено. Затоа што Законот е согласно Еуростат и согласно и сите меѓународни стандарди. Се работи за статистичка операција, која конечно треба да ја завршиме. Секаков вид на блокирање, одвраќање на вниманието на граѓаните и ставање во неизвесност, воопшто не е патриотски чин спрема државата. Очекувам од најголемата опозициона партија, навистина будно да го следи процесот, да ги мотивира граѓаните сите да се попишат”, истакна премиерот Заев.

Во врска со предлогот за одложување, тој повтори дека на есен поради локалните избори е невозможно, а одлагање за следната година не е во ред, затоа што никој не може да предвиди што ќе се случи.

„Подготвено е се пописот да се случи оваа пролет. Верувам дека ќе преовлада трезвеноста, одговорноста и зрелоста кај сите граѓани но најмногу кај политичарите”, заклучи премиерот Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.