Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Владата ќе почне да работи онлајн, очекувам истото да го стори и Собранието

0
By Нова ТВ on October 11, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

– Верувам дека Парламентот веднаш ќе помине на онлајн опција доколку пратениците така се договорат, согласно Деловникот. Владата наредната седница во вторник ќе ја има онлајн. Ние немаме сè уште лице со симптоми или заразено, но по препорака на министерот Венко Филипче и Комисијата за здравствена заштита ни беше укажано дека согласно бројките треба да се подготвиме за онлајн владини седници. Верувам дека и Парламентот ќе биде многу разумен и ќе ја воспостави онлајн работата затоа што тоа го направија, колку што гледам, речиси сите парламенти и во регионот и во Европа, изјави денеска премиерот Зоран Заев кој додаде дека се надева власта и опозицијата да се договорат за онлајн работа и на таков начин да биде изгласан буџетот.

Тој потенцира дека многу е важно институциите да функционираат, да бидат будни за да го следат овој период кој нема да биде лесен како летниот оти гледаме дека бројките се големи.

Заев рече министерот Филипче го информирал оти комплетно успешно е направена целосна организација со подготовки на резервни доктори, медицински сестри, и дека пополека е влезена во употреба и монтажната болница.

– Ќе ги дигаме сите капацитети, секако, затоа што гледаме дека бројките растат во светот, растат и кај нас. Но останува помошта која ја бараме од граѓаните, а тоа е да ги почитуваме мерките, да носиме маска, редовна дезинфекција, држење дистанца, да нема движење надвор доколку за тоа нема итна потреба, групирање или слично. Сето тоа ќе им помогне на нашите херои, а тоа се лекарите и медицинските сестри, целиот болнички персонал коишто работат на оваа проблематика,секако сè додека не се најде конечното решение, а тоа е вакцината и лекот, рече Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.