Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: ВМРО-ДПМНЕ преку кражба на гласовите ја спречи волјата на народот

0
By Нова ТВ on April 13, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Резултатот од првиот круг за избор на претседател на Република Македонија не е воопшто очекуван ниту од нас како опозиција, ниту според наше верување од мнозинството граѓани на нашата земја, изјави , Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Во изминатиот период бевме сведоци на масовна поддршка на опозицијата и нашиот кандидат за претседател на државата. ВМРО-ДПМНЕ исплашена од губењето на власта, преку системска кражба на гласови во деновите пред и на денот на изборите ја спречи волјата на граѓаните.

Крајниот резултат е нов удар врз кревката демократија во Македонија.

Но, граѓаните на Македонија ја знаат вистината. Ние сме тука заедно со вас, граѓаните, во најтешките моменти. Да не дозволиме режимот да триумфира.

Овој срам во првиот круг од изборите нема да дозволиме да се повтори во вториот изборен круг.

Ова е срам за оваа режимска власт и само ја покажува нивната вистинска слабост.

Убеден сум дека на 27-ми април граѓаните на Македонија заедно со нас ќе се кренат во одбрана на својата земја и победа над овој режим.

Во вториот круг ќе имаме сосема различни резултати. Ќе бидеме уште помасовно присутни на избирачките места, а во меѓувреме ќе бидеме насекаде низ Македонија заедно со граѓаните.

Нема да дозволиме демократијата во Македонија да биде прегазена по којзнае кој пат.

Наша обврска е да се избориме за нашето право за слободни и фер избори.

Волјата на народот мора да се почитува. Таа не смее да се фалсификува и оваа власт тоа мора да го разбере. И ќе го разбере на 27 април.

Ова не е волјата на народот.

Борбата за слобода и демократија продолжува, изјави , Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.