Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Во 2018 година отворени се вкупно 26.600 нови работни места

0
By Нова ТВ on April 9, 2019 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев преку Фејсбук ги презентираше клучните економски постигнувања во полето на инвестициите и отворањето нови работни места.

– Во 2018 година отворени се вкупно 26.600 нови работни места во нашата земја со коишто невработеноста падна на рекордно ниски 19,4%. Минатата година во земјава влезе рекордно ниво на странски директни инвестиции кое изнесува 624,5 милиони евра, што е за 2,6 пати повисок износ во споредба со просекот во изминатите осум години – напиша Заев на Фејсбук.

Во продолжение на соопштението, Заев ги набројува новите странски инвестиции кои започнале со работа, се во градба, започнуваат со градба или се во втора фаза на инвестирање:

1.Чагатај Кабло од Турција во ТИРЗ Скопје 1 (автомобилска индустрија за електрични инсталации со 100-тина вработени во моментов)

2.ВИК од Германија во ТИРЗ Прилеп (апарати за домаќинство со 200 вработени со таргет до 1000 вработувања)

3.Теламон од САД во Скопје Инџиково (браунфилд објект, електрични кабли за автомобилска индустрија со 70 моментални вработувања, до 300 вработувања во прва фаза и краен таргет до 830 вработувања)

4.Cranfield Foundry од Русија во Пробиштип (модерна леарница за автомобилска индустрија со инвестиција со моментално 40 вработени, 90 до крајот на годината и таргет до 280 вработувања)

5.Баумер Швајцарија во ТИРЗ Скопје 1 (сензори, декодери и други електронски компоненти со околу 200 работни места)

6.Мурат Тичарет од Турција во ТИРЗ Скопје 2 (автомобилска индустрија, електрични инсталации и кабли евра со околу 300 вработени)

7.Дура САД во ТИРЗ Скопје 2 (автомобилска индустрија, надворешни трим делови, до 500 вработувања)

8.Кеслер Германија во ТИРЗ Скопје 1 (електромотори со 150 вработувања)

9.Саген Албанија во ТИРЗ Скопје 1 (фармацевтска индустрија, до 100 вработувања)

10.Reci & Sons иселеници во САД, во ТИРЗ Струга (хемиска индустрија, средства за чистење и хигиена, 250 вработувања)

11.Џемдаг Лајтенинг од Турција во ТИРЗ Скопје 1 (производство на опрема за осветлување и фотоволтаични панели, до 200 вработувања)

12.Доган Отомотив од Турција во ТИРЗ Скопје 1 (автомобилска индустрија со 50 вработени)

13.Балканлар пластик од Турција во ТИРЗ Скопје 1 (амбалажа за градежна и прехранбена индустрија со 80 вработени)

14.Зенит од ОАЕ во ТИРЗ Скопје 1 (производство на грејачи за бојлери со 80 вработувања)

15.Герешајмер од Германија во ТИРЗ Скопје 1 (амбалажа за медицинска и фармацевтска индустрија, до 500 вработувања)

16.Малхотра Кабелс од Индија во ТИРЗ Скопје 2 (производство на кабли во автомобилска индустрија, со 130 планирани вработувања)

17.ODW Електрик од Германија, 2-ра фаза во ТИРЗ Струга (автомобилска индустрија за жични склопки со 90 нови работни места)

18.Диатек Италија, 2-ра фаза инвестиција во ТИРЗ Скопје 1 (производи од пластични маси и преработка на хартија, 30 нови работни места, што е дуплирање на бројот на вработени во нивната компанија)

19.Костал од Германија во ТИРЗ Струга (електронски и мехатронски делови во автомобилска индустрија со 330 вработени)

Премиерот вели дека околу 200 компании со доминантна домашна сопственост се поддржани во 2018 година преку Фондот за иновации и технолошки развој, со околу 20 милиони евра државна помош. Овие компании вработиле или се во процес на вработувања на 800 лица со просечен износ на плата над 40.000 денари, што е околу 60% над просечната плата.

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија со 16,4 милиони евра во 2018 година поддржала 1191 бизниси отворени од наши граѓани кои ја искористиле мерката за самовработување. Од овие лица 509 се млади до 29 години, а 450 се жени. Поддршката вклучува и обуки, преквалификации, вработувања ранливи категории граѓани, практикантства и слично.

Министерството за економија поддржа 160 компании преку Програмата за конкурентност, иновации претприемништво, при што исплатени се 760 илјади евра на овие правни субјекти.

Владата издаде лиценци и на 15 компании со домашен и странски капитал кои одгледуваат канабис за медицински цели, со вкупна инвестиција од над 40 милиони евра и околу 300 нови вработувања. Станува збор за следниве компании и производства: Каба Хербал во Кочани, Оаза алкалоиди во Карбинци, Медицал 420 во Битола, 5 летерс во Ресен, Мам во Свети Николе, АЦПВ во Гостивар, Фарма Медика Канабис во Валандово, Ф&M 2017 во Гостивар, Фармаролли во Скопје, Греен лифе во Валандово, Канабис про во Струмица, Т.Х.Ц. Куалити гроуп во Росоман, Хелтх медикал солутионс во Гевгелија, Бул-Билдинг во Струмица и РСБ солутионс во Карбинци.

Преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, завршени се 794 инвестиции на фирми, земјоделци, и инвестиции во капацитети и набавка на опрема со кои беа склучени договори од првиот повик од ИПАРД 2 програмата.

Доделени се 424 грантови за поддршка на млади земјоделци.

Заев истакнува дека ова се резултатите од економските ангажмани на Владата во минатата година, но вели дека во 2019-та очекува уште поголем раст и развој

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.