Лидерот на СДСМ, Зоран Заев пред средбата со лидерот на ДР – ДПА, Зијадин Села во Тетово, изјави дека е задоволен како течат преговорите за состав на новата влада и дека уште утре ќе почнат подетално да разговараат за поделба на ресорите.
Воедно како што рече тој во кратка изјава, прави напори за што поскоро да се достави предлог до Собранието за составот на Владата најпрво во интерес на граѓаните, а потоа и поради обврските кон Брисел, односно евроатлантската перспектива на Македонија.
Мандатарот Заев порача дека му е драго што закрепнал Зијадин Села и со него денеска разговара за составувањето на Владата.